Џорџ Клуни се јавил во Белата куќа за да се пожали дека Бајден ја критикувал неговата сопруга, според „Вашингтон пост“

kluni.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот актер Џорџ Клуни, наводно, се јавил во Белата куќа за да се пожали бидејќи американскиот претседател Џозеф Бајден ги критикувал правните потези на Меѓународниот кривичен суд за апсење на израелскиот премиер под обвинение за воени злосторства, случај на кој работела сопругата на Клуни, Амал.

Според „Вашингтон пост“, Клуни наводно му се јавил на советникот на Бајден, Стив Ричети, за да ја изрази својата загриженост за тоа како Бајден ја осудил најавата на главниот обвинител на МКС, Карим Кан, како „безобразна“ и навестил санкции против судот.

Амал Клуни е советник на Кан, британскиот адвокат кој минатиот месец побара од МКС да ги одобри налозите за апсење на Бенјамин Нетанјаху и клучните лидери на Хамас за конфликтот во Газа и нападите на 7 октомври.
Претседателот Бајден го осуди, велејќи дека нема „морална еднаквост“ меѓу Израел и Хамас и навести одмазднички санкции поради кои сопругата на Клуни би можела да биде депортирана од САД, пишува Тајмс.

Според извештаите, Клуни (63) бил особено вознемирен поради тој избор на зборови, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани извори.

Во него се додава дека Клуни бил разочаран и од првичната отвореност на администрацијата на Бајден за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд – потег што оваа недела го одобри Долниот дом на Конгресот во кој доминираат републиканците – бидејќи неговата сопруга може да биде казнета.

Амал Клуни (46) беше меѓу комисијата од меѓународни правни експерти кои му помогнаа на Кан да ги процени доказите за сомнителни воени злосторства и злосторства против човештвото во Израел и Газа.

„Како адвокат за човекови права, никогаш нема да прифатам дека животот на едно дете има помала вредност од животот на другото. Не прифаќам каков било конфликт да биде надвор од дофатот на законот, ниту дека кој било сторител треба да биде над закон“, напиша таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK