Болсонаро додека беше претседател проневерил накит вреден 1,2 милиони долари

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за време на неговиот мандат проневерил накит вреден 1,2 милиони долари, се вели во извештајот од истрагата на бразилската Федерална полиција што денеска го објави Врховниот суд.



Минатата недела Болсонаро беше обвинет за проневера, перење пари и криминален заговор во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија, пренесува АП.

Истрагата е дополнителен притисок врз лидерот на екстремната десница, кој беше претседател од 2019 до 2022 година, кога ги загуби изборите од Луис Ињасио Лула да Силва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK