Би-Би-Си: Мистериозната болест на американски дипломати поврзана со руското разузнавање

rusija-sad-zastava-220183129-100185.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Мистериозната болест наречена „Хавана синдром“ која ги погодува американските дипломати ширум светот во последните години веројатно е поврзана со руската разузнавачка единица, јавува Би-Би-Си.

Персоналот стациониран ширум светот кој известува за необјаснети симптоми на таканаречениот „Хавана синдром“, како што се вртоглавица, главоболки, тешкотии со концентрирање и интензивно и болно ѕвонење во ушите, можеби биле цел на руско инфразвучно оружје.

Долго време постои сомнение дека биле нападнати од насочена енергија или микробранови, емитувани од скриени уреди, а новата истрага вели дека оперативците на руската воена разузнавачка единица позната како 29155 можеби целеле американски дипломати со „насочено енергетско оружје“.

Се вели дека има докази за присуство на припадници на таа единица во градовите ширум светот токму во времето кога американски персонал известувал за инцидентите.

Официјална Москва негираше каква било вмешаност, и иако американските власти рекоа дека нема докази за вмешаност на странска сила, нивната минатогодишна проценка за „ненормални здравствени инциденти“, кои не понудија алтернативно објаснување за феноменот, предизвика незадоволство кај погодените.

Овој феномен го добил името по главниот град на Куба, Хавана, каде што е забележан првиот таков случај во 2016 година, иако неодамнешните истражувања покажуваат дека првите случаи можеби се случиле во Германија две години порано. До денес се регистрирани над илјада случаи на мистериозната болест, а десетици случаи се уште официјално се сметаат за необјаснети.

Американскиот Конгрес усвои закон чија цел е да обезбеди поддршка на жртвите, а лицата со потврдени повреди на мозокот од болеста имаат право на финансиска помош.

Американските официјални лица изјавија за американскиот „CBS News“ дека „ќе продолжат внимателно да ги истражуваат необичните здравствени инциденти“, но го повторија својот претходен став дека „е малку веројатно дека странска сила е одговорна“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK