На рестораните во Шпанија им е дозволено да наплаќаат одделно за „место под сенка“

677z381_basta-restorana.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Властите во шпанскиот автономен регион Андалузија донесоа одлука дека рестораните имаат законско право да наплаќаат дополнително за маси на сонце или под сенка, под услов клиентите да бидат соодветно информирани за повисоките цени пред да нарачаат.

Известувањата за повисоки цени може да се даваат преку менито, ценовникот или да се соопштат на некој друг начин, пишува „The Olive Press“.

Воедно, се појаснува дека нема да има посебна такса за маса со одреден поглед или локација на менито, туку на рестораните ќе им биде дозволено да наплатуваат дополнителен надомест за секое јадење кое се служи во одредени делови од објектот, доколку тоа е јасно наведено во ценовникот, пренесува Танјуг.

Портпаролот на здружението на потрошувачи Рубен Санчез изјави дека рестораните не можат да наплаќаат „10 евра повеќе“ за маса на тераса.

„Сепак, на рестораните и баровите им е дозволено да наплаќаат повеќе за секое јадење што се служи на терасата се додека тоа е јасно наведено во ценовникот“, рече Санчез, додавајќи дека рестораните не можат да наплаќаат такса за резервација на маса, а ако наплаќаат, износот мора да се отстрани од конечната сметка.

Санчез исто така рече дека од гостите не треба да се бара да купуваат флаширана вода бидејќи водата од чешма мора да има на располагање.

За бакшишот, Санчез изјави дека одлуката дали да се остави бакшиш е на гостинот, што значи дека задолжителната дополнителна „такса за услуга“ е незаконска.

Претходно властите на градот Севиља, главниот град на Андалузија, најавија планови за ограничување на влезот на туристи на централниот градски плоштад Плаза де Еспана.

Жителите на градот и покраината, како и досега, ќе можат да влезат таму без ограничувања, но туристите ќе можат да влезат на главниот градски плоштад само со плаќање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK