Епископ Партениј: Затоа народот доаѓа по манастирите, да се напојува од Неговиот извор

partenij
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се сеќавам, една година пред да го започнам својот монашки подвиг во Бигорски, го посетив Манастирот – беше тоа на славата на Свети Јован Крстител. Разговаравме со неколку луѓе, меѓу кои беше и нашиот почитуван Митрополит, г. Тимотеј, за тоа колку Манастирот е убав, но толку жално е тоа што во него нема монаси. Притоа, со тага заклучивме дека овде и нема услови за монаштво: во околината нема православно население, манастирот нема никаква економија, па следствено, тешко би можел да опстане.







Но еве, по Божјата милост и благослов, не само монаси – ние сме скоро триесет – туку и уште колку други луѓе се нахраниле овде, колку болни се исцелиле! Што е сето тоа? Она што Господ им го рекол на апостолите: Дајте им вие да јадат! Он им даваше на апостолите, тие – на народот. И сега Господ им дава на Своите слуги, на архиереите, на свештениците, на монасите, а тие, пак, на верните. Ете, монасите заминале на пусто место, оставиле сѐ од овој свет и тргнале да Го бараат Господ. А каде што е Он, рековме, има духовно изобилие. Затоа народот доаѓа по манастирите, да се напојува од Неговиот извор. Се разбира, Господ е насекаде и сѐ исполнува, Он е присутен и во градовите, во домовите, во луѓето, и секој што Го бара ќе Го пронајде. Но, сепак, во манастирите, во општежителните монашки заедници, Неговата благодат особено моќно се излева.
– Епископ Партениј , Игумен Бигорски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK