Шкендија ја победи Брегалница во Купот на Македонија за пионери

skendija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Шкендија забележаа победа над Брегалница со 3:2 попладнево на тренинг-центарот „Петар Милошевски” во Скопје во финалето во првата од четирите во младински категории во Купот на Македонија.







Во неизвесен натпревар и ефикасен натпревар, пионерите на Шкендија го отворија резултатот преку Албион Муслиу во 4. минута. Штипските плави брзо успеаа да ги консолидираат своите редови по раниот примен гол и само 7. минути подоцна успеаа да израмнат на 1:1 преку Александар Нехтенин. Шкендија преку Хисар Али успеа повторно да поведе во 33. минута, а Едис Бајрами со гол во 43. минута успеа да ја зголеми предноста на 3:1 и со тој резултат да се замине на полувреме.

Во продолжението од натпреварот, Брегалница се обидуваше да се врати во игра, создаваше можности, но на крајо успеа да постигне само еден погодок, доволен за намалување на предноста на противникот. Стефан Антониев го постигна вториот погодок на Брегалница и ги постави конечните 3:2.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK