Ракитиќ: Исцрпен сум, не можам ниту да се насмеам

fudbal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ, кој синоќа со Севиља избори пласман во финалето на Лига Европа, рече дека шпанскиот тим вложил многу голем напор да го совлада Јувентус во полуфиналниот реванш.







„Тешко ми е дури и да се насмеам колку сум исцрпен. Во финалето се пласира подобриот тим. Ова беше прекрасна ноќ за сите љубители на фудбалот“, изјави 35-годишниот Ракитиќ за шпанските медиуми.

Севиља се избори за своето седмо финале во Лига Европа совладувајќи го на реваншот на домашен терен Јувентус со 2-1 по продолженија, откако првиот натпревар во Торино заврши 1-1.

Противник на шесткратниот освојувач на Лига Европа ќе биде Рома, која синоќа на реваншот против Баер Леверкузен одигра без голови и ја зачува предноста од Рим од 1-0.

Финалето во Лига Европа е на програмата на 31 мај во Будимпешта.

Во финалето на Конференциската лига, пак, ќе играат Вест Хем и Фиорентина. Финалниот натпревар е закажан за 7 јуни во Прага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK