Кисела Вода дел од Б40 мрежата на градови – лидери од Балканот

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Кисела Вода од неодамна е дел од Б40 Мрежата на градови, лидери од регионот, која функционира во насока на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата. Членовите на мрежата работат на подобрување на дијалогот меѓу локалните заедници, соработуваат на полето на културата, иновациите, одржливите политики и солидарноста, но и на развивање на нови области на соработка, имајќи ги предвид ефектите од климатските промени и потребата од зајакнување на локалната демократија и добрососедските односи во регионот.







-Задоволство и предизвик е да се работи и соработува со најдобрите од регионот, а со една заедничка цел, да креираме политики кои водат кон подобар и поквалитетен живот за нашите сограѓани. Нашата Општина Кисела Вода стана дел од Б40 мрежата на градови од Балканот (B40 Balkan cities network) по претходно добиеното писмо од мојот драг колега @Κώστας Μπακογιάννης – Kostas Bakoyannis, градоначалник на Атина, со што ме информираше дека Кисела Вода и официјално е дел оваа мрежа за градење силно и трајно партнерство. Благодарност до градоначалникот Бакојанис, претседател на Б40 мрежата за овој мандатен период и постојаниот секретаријат во Истанбул. Нашата општина како активен партнер, ќе учествува во работните групи како платформа за размена на идеи и постојни решенија на локално ниво, спроведување на заеднички студии, како и размена на најдобрите практики и работа на заеднички проекти, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Мрежата Б40 е основана во 2021 година на состанок, чиј домаќин беше Истанбул.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK