Изложба во Битола за „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“

izlozba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во НУ Центар за култура-Битола од денеска е отворена државна изложба со детски ликовни творби работени на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.







Во изложбата е вклучен креативниот труд на 547 ученици од разни македонски училишта кои изработија 527 дела и 52 колеции, за што поддршка добија од стотина ментори, посочи Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола.

-Оваа детска ликовна изложба ми е посебно драга, затоа што деца од цела земја испраќаат свои мини светови погледнати низ призмата на детското око и срце, а кога темата е традиција, толку повеќе тоа дело и тежи, посочи Андоновска Илијевски.

Според м-р Валентин Соклевски, ликовните творби се резултат на бројни истражувања, инспирација и талент и тоа се потврдува од самиот почеток на изложбата чии корени датираат од 1975 година.

-Низ текот на децениите изложбата, која оваа година го има своето 48-мо издание и е најстара од овој вид во нашата држава па и пошироко, секоја година ја остварува својата мисија и покажува дека зададената тема поседува универзални и уникатни вредности кои со текот на времето добиваат нова свежина и потенцијал. Големиот број деца, ликовни педагози, ментори, наставници, кои со голем ентузијазам и оваа година му се посветија на творечкиот континуитет на народната култура овозможија да се испрати нова инспиративна порака од минатото за иднината, нагласи Соклевски.

Според востановената традиција ликовната изложба ја отвори претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, а организторот на најуспешните ученици и ликовни педагози им додели награди.

НУ Центар за култура-Битола годинава посебно признание – плакета беше врачена на Панде Петровски за особен придонес во развојот на државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK