Во Пехчево потпишан договор за реконструкција на градинката во село Црник

PEHCEVO
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Пехчево беше потпишан договор за реализација на локална акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“. Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, проектниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, Суад Скендери, и директорката на Детската градинка „7 Септември – Пехчево“, Васка Симовска.







-Во рамки на активностите е предвидена изведба на систем за одводнување/дренажа на основните темели на објектот во кој е лоцирана градинката, со цел да се спречи создавање влага како резултат на влијанието на атмосферските води, информираше градочалникот на Пехчево, Китански.

Во реализацијата на активностите, како што додаде, ќе биде вклучено локалното население и бизнис секторот.

-Како дел од реализацијата на оваа активност ќе биде поставена хидроизолација на ѕидовите на објектот и реконструкција која предвидува внатрешно доопремување со цел овозможување  соодветни услови за одржување на целодневен престој, додаде Китански.

Локалната акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“ финансиски е поддржана од Општина Пехчево, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, преку проект на УСАИД – Заедно за просперитетна заедница, ОЈУДГ „7 Септември – Пехчево“ и КХАМ – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK