Фестивал „Самоков екстрим“ во Поречието

SAMOKOV
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 3 и 4 јуни во Самоков и Белица, околу 800 учесници ќе бидат дел од вториот фестивал „Самоков екстрем“. Фестивалот ќе понуди возење со теренски возила, мотокрос, возење со АТВ возила, велосипеди и планинска тура. Организатори се локалната самоуправа на Македонски Брод, здруженијата „Форум за авангардна креативност“, „Вело Че“ и Самоков екстрем“. Во Самоков ќе биде поставен камп за учесниците.







Главната цел на проектот е развојот на туризмот во Поречкиот регион и поставување на Северна Македонија на мапата на атрактивни дестинации за алтернативен туризам.

– Во целата организација на Фестивалот е вклучено и месното население кое на учесниците ќе им ги понуди сите локални производи од Поречието. И бизнис секторот, угостителите се вклучија активно и понудија сместување по прифатливи цени. Со ова се промовира руралниот туризам во Македонски Брод и во Поречието. Македонски Брод се стреми да стане центар на адреналинскиот спорт во Македонија. Единствено имаме поддршка од Агенцијата за промоција на туризмот со која склучивме меморандум за соработка и се подготвуваме да аплицираме на меѓународен проект со општина Серез, Република Грција за афирмација на пештерата Пешна, рече на прес – конференцијата градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески.

Здружението „Вело Че“, освен на Фестивалот, велосипедската трка досега низ Порече ја одржува по петти пат.

-Имаме огромна поддршка и од локалната самоуправа и од населението за фелосипедските трки низ Поречието. И годинава ќе имаме три велосипедски тури. Во овие тури имаме повеќе од 100 учесници. Со велосипедските тури се надевам го промовираме пределот Поречие. Природните услови се големи. Догодина ќе имаме нови тури, зашто има нови, неоткриени патеки, вели Даниел Гарбиески претседател на здружението „Вело Че“.

Покрај спортскиот дел, на Фестивалот е предвидена и културно-забавна програма со учество на естрадните артисти Елена Јовческа и Дарко Билбиловски со нивните бендови, кои ќе настапат во саботата на 3 јуни во кампот на фудбалскиот стадион во Самоков, како и учество на реномиран DJ кој ќе ги забавува присутните за време на двата дена. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK