Нови паркови и зелени коридори: Скопје планира мега-парк на „Вардариште“


Deponija-Vardarishte-1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Создавањето повеќе зелени површини и уредени простори за рекреација е дел од планираните активности за подобрување на квалитетот на живот во Скопје. На местото на депонијата „Вардариште“ е планирана изградба на мега-парк со површина од околу 600.000 квадратни метри, откако претходно се спроведе физибилити студија и започнаа активностите за одгасување и безбедно отстранување на површинскиот слој од отпадот.

Нови паркови се планирани и на други локации во градот: долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Бутел, покрај реката Вардар во Сарај, во Ново Лисиче, во близина на последната постојка на линијата 5 и на кејот на Вардар во Карпош.


Паралелно, во изминатиот период се уредени пешачко-велосипедски патеки по градските улици и булевари, на кејот на Вардар и покрај реката Серава. За поголема безбедност и ослободување на јавниот простор поставени се околу 2.000 столпчиња.

Планираните паркови, зелените коридори и дополнителното засадување дрвја треба да придонесат за подобар квалитет на воздухот и повеќе можности за одмор и рекреација. Станува збор за активности со кои развојот на градот се поврзува со потребата од почиста и позелена урбана средина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK