Учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани освоија 12 први награди на Меѓународниот музички фестивал за млади во Штип

ucenici kocani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одличен настап, со освоени 12 први награди, имаа учениците од основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ во Штип.







Натпреварувачите на Фестивалот учествуваа во четири дисциплини, односно класична музика, традиционални инструменти и состави, теоретски предмети и поп, џез и светска музика, а учениците од Кочани беа најдобри во настапите на гитара и пијано.

-Нашата ученичка Антонија Апостолова во категоријата класична гитара беше најдобра и ги освои максималните сто бода, со што заслужено е првопласирана. Ист број бодови и прво место освои и ученичката Макарија Иванова на пијано, а другите првонаградени ученици, кои исполнија класични композиции на пијано, имаа меѓу 95 и 98,5 бода. Заслуги за успехот на учениците имаат и нивните ментори, наставниците Зоран Христовски, Дејан Стојанов, Стефан Стефанов, Елизабета Ѓеорѓиева и Драгана Карова Ангелова, истакна Марија Лазарова, директорка на ОМУ „Ристо Јуруков“.

Успехот и наградите на учениците од музичкото училиште во Кочани им обезбедува настап и другите меѓународни и домашни натпревари, а ученичката Макарија Иванова е претставник на Државниот натпревар за ученици во основно музичко образование што денеска и утре се одржува во Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK