Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заводот за заштита на споменици (ЗЗС) и Музеј на град -Штип, Денот на музеите го одбележа со изложба на цртежи во етнолошката поставка и бесплатна посета за сите граѓани. Директорот на ЗЗС и Музеј на град Штип, Митко Штерјов изјави дека целта на ваквиот настан, е, да се покаже музејот во светло во кое заслужува, бидејќи тие се чувари на традицијата и на сѐ она што се творело во историјата.







– Овој меѓународен ден се слави во сите земји во светот. Ние активно се вклучивме во одбележување на овој ден. Ние ќе го одбележиме со една изложба на цртежи, поставена во етнолошката поставка при нашиот музеј, додаде Штерјов.

Во Музејот се изложени 9.000 експонати, а има и неколку поставки. Бети Иванова, етнолог, посочи дека на денешната изложба можеа да се видат мали цртежи до најситен детал на мали парчиња хартија од сликарот Иван Сулев.

– Денешната изложба презентира цртежи насликани од еден ликовен уметник во периодот од 1960 – 1964 година, кој бил вработен во музејот како сликар етнолог, а тоа е Иван Сулев. Овие мали слики преставени на паноата, отсликуваат предмети до најмал ситен детал, на мало парче хартија. Тие до ден денес не ја изгубиле својата ликовна вредност, нагласи Иванова.

Штерјов истакна дека се подговува изложба на црковни книги, која ќе биде отворена на 24 мај, а се работи и на останати проекти поврзани со негување на културното наследство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK