МВР го демантира Јанушев: Згрозени сме што партијата дури и за ваква трагедија шири дезинформации

МВР-го-демантира-Јанушев-Згрозени-сме-што-партијата-дури-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерството за внатрешни работи со демант на прес-конференцијата на Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на која беше поставено прашањето дали во СВР Скопје имало пријава пред 5 дена дека убиецот е Палевски и зошто ништо не е преземено во однос на тоа.

„МВР најостро ги демантира лагите кои денеска на прес конференција беа изнесени од страна на Игор Јанушев од партијата ВМРО-ДПМНЕ, каде меѓу другите невистини, беше изнесена лага дека во СВР Скопје пред пет дена наводно било заведено дека убиството врз малолетната В.Ѓ. го извршил Љ.П., а, наводно, не било ништо преземено“, се истакнува во демантот од оваа институција.

Тоа, според полицијата е апсолутна невистина.

„Таква работа не постои. Згрозени сме од самиот факт што оваа партија дури и за ваква трагедија шири дезинформации. Министерството за внатрешни работи и ОЈО Скопје денеска на прес конференција детално презентираа се што е преземено во врска со овој случај. Апелираме да престане ширењето на лаги и дезинформации, кои само нанесуваат штета на истрагата“ велат од Министерството за внатрешни работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK