Накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје


swarovski-1_1-003.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата, соопшти Царинската управа.


Според соопштеното, станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал.

Патничката е селектирана за контрола од страна на царинските службеници, пред кои изјавила дека нема ништо за пријавување. По извршената ренген-контрола и преглед на багажот, откриени се 23 парчиња накит „Сваровски“.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик, велат надлежните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK