Почина сликарот Таки Павловски

pavlovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 84-годишна возраст на 17 мај почина академскиот сликар Таки Павловски. Роден е 1939 година во костурското село Желин.







Павловски дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Во 1975 патувал во Париз како стипендист на француската влада, а во 1995 и 1990 година користел и сликарско ателје во Париз. Член е на ДЛУМ од 1967 година. Бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје предавајки го предметот сценографија.

Сценограф и основоположник на професионалната сценографија која ја реализираше во текот на работниот век во Македонската радио телевизија каде оствари антологиски сценографски ресенија на голем број телевизиски емисии и филмови. Со својата професионална дејност како сценограф директно уцестуваше во развојот и граденјето на МРТВ.

Реализирал мноштво самостојни изложби во земјава и странство, учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии и бил добитник на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и Гран при на ДЛУМ, I Зимски салон (1992), Награда за сликарство 11 октомври (1998) – Награда за животно дело и Гран При за животно дело ОСТЕН 2021.

Таки Павловски оствари значаен придонес во развојот на македонската ликовна уметност и култура и ја претставуваше во повеќе европски центри.

Во историјата на македонската ликовна уметност, Таки Павловски се дефинира како претставник на поколение на уметници што се појавува кон крајот на шеесеттите години од минатиот век во Македонија, поколение кое носи драматични промени во сфаќањето на уметноста и на светот воопшто. Нивната духовна презаситеност од дотогашните понирања во длабочините на апстракцијата, ќе ги насочи кон некои поинакви духовни одредишта.

Таки Павловски ќе биде погребан во недела, на 21 мај, на градските гробишта Бутел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK