Македонската авторка Јулијана Величковска настапи на поетски фестивал во Ирска

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската авторка Јулијана Величковска настапи на Интернационалниот поетски фестивал што се одржува во во Корк, Република Ирска од 16 до 20 мај.







Величковска во градската библиотека настапи заедно со ирскиот автор Џон В. Секстон, а настанот го модерираше Африк Мекглинчи, наградувана ирска авторка, која во своето излагање посебно се осврна кон романот „Годишни времиња” на нашата авторка.

Таа беше претставена и во рамки на професионалната програма на фестивалот, како организатор на поетски фестивали во земјава, но особено како преведувач и издавач на дела од ирски автори на македонски јазик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK