Џафери се обрати пред учесниците на Конференцијата во Охрид, Спасовски организираше свечена вечера

– Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва имаше обраќање пред учесниците на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол во Охрид, организирана во рамки на одбележувањето на стогодишнината од основањето на Интерпол и 30 години од зачленувањето на Р.С. Македонија во светското полициско семејство. Џафери истакна дека одржувањето на конференцијата во Охрид е знак на силна поддршка и доверба во Министерството …

Continue Reading

СДСМ: Европските стандарди и вредности ги носиме дома

– Tеренските активности на СДСМ под слоганот „Рамо до рамо, до победа“ денеска се одржаа во Кавадарци, Демир Хисар, Лозово, Свети Николе, Велес и Неготино. Од Велес, Неготино и Лозово беше испратена пораката дека се инвестира во инфраструктурата, како и дека се води вистинска грижа за земјоделците и работниците, а од Демир Хисар, Кавадарци и Свети Николе дека европските стандарди …

Continue Reading

Поротата одлучи: Трамп сексуално нападнал новинарка

– Доналд Трамп сексуално ја нападнал колумнистката Е. Џин Керол во 1990-тите, а подоцна ја наклеветил нарекувајќи ја лажга, пресуди денеска порота на Менхетн. Со ова на поранешниот американски претседател му е нанесен судски удар додека се бори повторно да влезе во Белата куќа, коментираат локалните медиуми. Деветчлената порота во федералниот суд на Менхетен утврди дека Трамп мора да плати …

Continue Reading

Повеќе од 50 политички затвореници во ОАЕ се во затвор и по завршувањето на нивните казни

– Повеќе од 50 лица осудени за заговор против владата на Обединетите Арапски Емирати остануваат во затвор со месеци и години и по истекот на нивните казни, изјавија денеска членови на семејствата и активисти за човекови права. Неистомислениците се дел од таканаречените „ОАЕ94“, група од 94 адвокати, застапници за човекови права и професори на кои им се судеше во 2013 …

Continue Reading

Вашингтон неутрализираше долгогодишен руски систем за кибер-шпионажа

– САД денеска соопштија дека го неутрализирале шпионскиот софтвер наречен „Змија“ (Snake) за кој велат дека руското разузнавање многу пати го користело против земјите-членки на НАТО во изминатите 20 години. – Благодарение на операцијата со висока технологија што го сврте овој злонамерен руски софтвер против себе, американските безбедносни сили неутрализираа една од најнапредните руски контраразузнавачки алатки, рече заменик-јавниот обвинител Лиза …

Continue Reading

ФК Гостивар обезбеди влез во Прва лига

 – Со убедливата победа 4:0 над Борец од Велес, фудбалскиот второлигаш Гостивар обезбеди влез во Првата македонска фудбалска лига. Гостиварци ја остварија 22-та победа и се покажаа како цврст противник без ниту еден пораз во првенството. Освоените бодови на едно коло пред крај на годинешната натпреварувачка сезона му се доволни на ФК Гостивар од наесен да настапи во елитното фудбалско друштво. …

Continue Reading

Предложен притвор за мајка осомничена за семејно насилство врз сопствените деца

 – Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна жена за која постои основано сомнение дека сторила две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ги …

Continue Reading

Мицкоски од Тетово: Време е ДУИ да оди во пензија и во опозиција

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Тетово се обрати на трибина на тема „Социјални политики против иселување и сиромаштија” која се организираше во рамки на партиската акција „Ова е Македонија за сите“. Мицкоски го почна говорот велејќи дека за Тетово на национално ниво се зборува тогаш кога има вести од црната хроника, како случајот кога изгоре болницата или кога …

Continue Reading

Енергоатом: Ситуацијата во Запорожје се влошува

– Украинската државна енергетска компанија Енергоатом соопшти дека Русија носи уште повеќе војници и воени возила на локацијата на нуклеарната централа Запорожје. – Ситуацијата со опремата и персоналот се влошува, изјави претседателот на Енергоатом, Петро Котин.

Continue Reading