Познати се четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Познати се четвртфиналните двојки во ракометната Лига на шампиони. Бранителот на трофејот Магдебург, во реприза на ланското финале ќе се сретна со Кјелце. За пласман на завршниот турнир ќе се борат и Кил и Монпелје, Алборг и Веспрем, односно Барселона и ПСЖ. Во последните осминафинални натпревари немаше изненадувања. Во првиот меч Веспрем победи против Сегед со 37:30, а во вториот …

Continue Reading

Ракометарките изборија пласман на Европското првенство

Foto/ macedoniahandball.com.mk Женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство, кое во декември годинава ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. „Црвено-жолтите“ по седми пат ќе учестваат на еврошампионатот. Ова ќе биде седмо учество на најдобрите ракометарки на континеталните шампионати. Македонија пласманот на ЕП го обезбеди со убедливата победа над Азербејџан. Во претпоследното коло, во Баку, Македонија …

Continue Reading

Хансен: Покрај ракометот ме привлекуваат и други работи

Еден од најдобрите ракометари во историјата, Микел Хансен тргна по стапките на својот поранешен соиграч од Пари Сен Жермен, Никола Карабатиќ. Она што вчера го објавија медиумите денес доби потврда. Данскиот бомбардер на прес-конференцијата во Олборг објави дека на крајот од сезоната става точка на својата богата кариера. „Веќе скоро 20 години ја имам привилегијата да живеам од спортот што …

Continue Reading

Крај на големата кариера во Париз – Еден од најдобрите на сите времиња заминува во пензија

Од следната сезона ракометот ќе биде посиромашен за еден од најдобрите играчи во историјата на спортот. Познатиот дански ракометар Микел Хансен (36) ќе ја заврши кариерата по Олимписките игри во Париз, јавува ТВ2 од Данска. Поради ваквата одлука на Хансен, неговиот сегашен клуб Алборг свика вонредна прес-конференција, на која легендарниот ракометар ќе и се обрати на јавноста. Данската национална телевизија …

Continue Reading

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Foto/macedoniahandball.com.mk Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги одреди паричните награди за македонската машка и женска сениорска ракометна репрезентација за пласман на следните големи натпреварувања. Ракометарите ќе поделат парична награда од два милиони денари нето износ за пласман на Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка. Македонија во баражот за пласман на Мундијалот, на 8 и 12 април ќе игра …

Continue Reading

Гицел и Рајстад најдобри во светот

Десниот бек Матијас Гицел, светскиот шампион со Данска е избран за најдобар ракометар во светот за 2023 година, а Норвежанката Хени Рајстад, која освои две третини од гласовите, за најдобра ракометарка на планетата во изборот на Светската ракометна федерација (ИХФ). Гицел е прогласен за најдобар играч на Светското првенство во 2023 година. Данска во финалето ја победи Франција со 34:29. …

Continue Reading

Пелистер загуби во Норвешка, без освоен бод ја заврши сезоната во ЛШ

Како почна така и заврши сезоната на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите. „Зелените“ во Трондхајм го забележаа 14.пораз во исто толку натпревари. Во последното коло, во дуелот на отпишаните Колштад го победи Еурофарм Пелистер со 34:27 (17:13). Натпреварот во Трондхајм беше реше во раната фаза на првиот дел, кога по 15 минути игра Колштад стекна предност од седум голови …

Continue Reading

Ангеловски: Ние сме локален клуб, не сме државен прокет каков што беше Вардар

Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре ќе ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. Пелистер кој нема ниту еден освоен бод досега гостува кај Колштад. Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски, одржа прес конференција пред натпреварот во Норвешка,најави дека неговиот тим ќе се обиде со поволен резултат да се прости од елитата за оваа сезона. „Нема небитен натпревар во …

Continue Reading

Македонските ракометарки убедливо поразени од Шпанија

Foto/ EPA-EFE/Georgi Licovski Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство. Во третото коло, Македонија очекувано загуби од Шпанија со 19:31 (11:17). Македонските ракометарки отпор на фаворисираните протовнички им пружија само во еден дел од првото полувреме, кога имаа два гола негатива. Кога Шпанија го засили темпото, Македонија немаше одговор. Шпанија со …

Continue Reading