По 38 години Луческу повторно е селектор на Романија

По 38 години Мирчеа Луческу повторно стана селектор на Романија, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Романија. 79-годишен стручњак на оваа функција го наследи Едвард Јорданеску, а со тамошните челници на ФС потпиша договор до крајот на Светското првенство во 2026. Во претходниот мандат Луческу ја водеше Романија од 1981 до 1986 година и успеа да се пласира со репрезентацијата на …

Continue Reading

Кинеските немоќни пред Варгас – Турчинките се во полуфиналето на ОИ

Турските одбојкарки први изборија пласман на Олимписките игри во Париз. Турција во во пет сета ја совладаа Кина со 3:2 (23:25, 25:21, 26:24, 21:25, 15:12). Актуелните европски шампиони обезбедија вистинска европска класика во полуфиналето. Прашање е само кој ќе биде од другата страна на мрежата, Србија или Италија. Која селекција и да им биде притивник на Турчинките ќе има голема …

Continue Reading

Надал: Поразот на Алкараз не е пораз, освои сребро против најдобриот во историјата

Вујкото на Рафаел Надал и поранешен негов тренер, Тони Надал ја коментираше победата на Новак Ѓоковиќ против Карлос Алкараз во финалето на Олимписките игри во Париз. Тони Надал во изјавата призна дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата, а за поразот на Алкараз рече дека „тоа не е пораз“. „Поразот на Алкараз и не е пораз. Неговиот сребрен медал против …

Continue Reading

Мирчевски е пред трансфер во Железничар

Мартин Мирчевски кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина. Крилниот напаѓач, како што пишува порталот „Sportsport.ba“ е блиску до трансфер во Жечезничар од Сараево. Мирчевски во Железничар ќе пристигне од ТСЦ од Бачка Паланка. За ТСЦ одигра 28 натпревари, постигна девет гола и забележа три асистенции. Најголемиот дел од кариерата 27-годишниот фудбалер го мина во македонските клубови, играше за …

Continue Reading

Феликс им се извинил на соиграчите: Сакам да играм

Кариерата на Жоао Феликс е на крстопат. Португалецот е веројатно најголемото разочарување во модерниот фудбал. Атлетико за него плати 126 милиони евра во 2019 година, но тој само на моменти го покажуваше неспорниот талент. Жоао Феликс се врати во Атлетико, откако Барселона реши да не го откупи неговиот договор. Пред Барселона, Португалецот шест месеци беше на позајмица во Челси. Феликс …

Continue Reading

Крос: Никогаш не би постапил како Модриќ

Тони Крос (34) во финишот на минатата сезона го шокира фудбалскиот свет со објавата дека по Европското првенство ќе ја заврши кариерата. Во објавата потенцираше дека секогаш сакал да се повлече додека е на врвот. На забелешката дека Модриќ, кој е четири години постар од него, решил да продолжи да игра, Крос за „Ел ларгуеро“ изјави: „Јас и Лука имаме …

Continue Reading

(Видео) Кенијката прво беше дисквалификувана, а потоа и го вратија медалот

Женската трка на 5.000 метри својот епилог го имаше најпрвин на стадионот, а потоа двапати на зелената маса. Сигурно беше дека златниот медал го освои Беатрис Чебет од Кенија. Во трката втора низ целта мина нејзината сонародничка Фејт Кипјегон, а трета заврши Сифан Хасан од Холандија. Сепак, по жалбата од тимот на Етиопија дека Кипјегон остана без среброто. Етиопија се …

Continue Reading

Матета спречи изненадување, Франција ќе се бори за златото на олимпискиот турнир

Домаќинот Франција со тешка мака избори пласман во финалето на фудбалскиот турнир во фудбал. Французите, во второто полуфинале, го победија Египет по две продолженија со 3:1. Сензација спречи Жан-Филип Матета. Напаѓачот на Кристал Палас, најпрвин ја анулира предноста на Египет од 62.минута, со голот во 83.минута, а потоа погоди за водство од 2:1 во 99.минута, откако Египет седум минути претходно …

Continue Reading

Холандија ја доби дрмата во финалето, херојот е Де Јонг

Баскет репрезентацијата на Холандија го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз. Холанѓаните по продолжението ја победија Франција со 18:17. Натпреварот по 10 минуит игра заврши 16:16. Херој на Холандија е Ворти Де Јонг, 38-годишен играч кој името го добил по легендата на ЛА Лејкерс, Џејмс Ворти. Де Јонг најпрвин изедначи на 16:16 на неколку секунди до крајот и …

Continue Reading