Шок во Париз – Медведев елиминиран во второто коло
Австралискиот тенисер Алексеј Попирин се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Париз, откако во второто коло го совлада Русинот Данил Медведев со 6:4, 2:6, 7:6 (7:4). Мечот траеше два часа и 31 минута. Попирин е 24. тенисер во светот, додека Медведев е на петтото место на АТП листата. Ова беше четврти меѓусебен дуел на Попирин и Медведев и прв триумв …
Continue Reading
Тренерот Анчелоти предложил Реал да ја бојкотира Златната топка
Гневот на Реал го предизвика тоа што Винисиус, спротивно на она што со денови се најавуваше, не ја освои Златната топка, најпрестижната индивидуална фудбалска награда, која му припадна на Родри. Клубот, пет часа пред почетокот на церемонија која се одржа во понеделникот во Париз, го откажа патувањето на својата делегација во која беа 50 луѓе. Реал не беше среќен што …
Continue Reading
Формула 1 на ова чекаше 43 години
Возбудливата сезона во Формула 1 доби нов заплет во Мексико каде Карлос Саинц победи по втор пат оваа сезона и ја направи борбата за шампионската титула уште покомплицирана и во конкуренција на возачи и во конструктори. Брилијантниот старт на Ферстапен во оваа сезона навестуваше дека Холанѓанецот лесно ќе дојде до нова шампионска титула. Сепак, тоа не се случи. По последната …
Continue Reading
Лазаров го скрати списокот, отпаднаа искусните Талески и Митревски
Фото/macedoniahandball.com.mk Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го скрати списокот за натпреварите со Естонија и Литванија, со кои националниот тим ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство. Од поширокиот список кој беше објавен минатата недела отпаднаа искусните Филип Талески и голманот Никола Митревски. Талески за разлика од Митревски го нема ниту на списокот на резерви. На …
Continue Reading
(Видео) 50 години од легендарната борба меѓу Али и Форман
Мухамед Али и Џорџ Форман, пред 50 години имаа спектакуларен боксерски меч наречен „Rumble in the Jungle“. „Rumble in the Jungle“е легендарно боксерско шоу, еден од најпознатите и најдобрите мечеви во историјата на спортот, а се случил пред точно 50 години, на 30 октомври 1974 година. Гигантите во тешка категорија, Мухамед Али и Џорџ Форман се судрија во Киншаса, Заир, …
Continue Reading
Лапровитола успешно опериран, ќе отсуствува 10 месеци
Николас Лапровитола, кошаркарот на Барселона, се здоби со тешка повреда. Аргентинецот се повреди на натпреварот од четвртото коло на шпанскиот шампионат против Басконија, во поразот на неговиот тим 89:93. Како што потврдија од Барселона, Лапровитола заработил повреда на предните вкрстени лигаменти и ќе биде надвор од терените во следните 10 месеци, што значи дека ја завршил за сезоната и …
Continue Reading
Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?
Златната топка, односно фактот што Винисиус Жуниор не е лауреат оваа година, се уште е тема на светските медиуми. Наградата за најдобар, му припадна на играчот од средниот ред Родри, кој со шпанската репрезентација го освои Европското првенство и со Манчестер сити Премиер лигата. Многумина мислат дека овој избор му нанел неправда на Бразилецот кој со Реал Мадрид ги освои …
Continue Reading
„Големата тројка владееше затоа што растеше без паметни телефони?“
Доминик Тим се пензионираше минатата недела, а сега во интервју за подкастот „New Lifestyle“ на Сајмон Мунди, презентираше интересна теорија за доминацијата на големата тројка, како и на некои други спортисти: „Мислам дека не е случајно што се родени неколку неверојатни спортисти меѓу 1981 и 1987 година“, истакна поранешниот шампион на Ју-ес опен и дополни: „Роџер Федерер, Лионел Меси, Кристијано …
Continue Reading
(Видео) Борусија Дортмунд е во сериозна криза, испадна од Купот на Германија
Волфзбург преку Борусија Дортмунд избори место меѓу 16. најдобри екипи во Купот на Германија. Натпреварот на „Фолксваген арена“ го реши Јонас Винд во 117.минута, кога го постигна единствениот гол. Германската јавност се прашува дали челниците на Борусија, во јули донесоа добра одлука кога се разделија со Един Терзиќ и за тренер го назначија неговиот помошник Нури Шахин. Шахин треба да …
Continue Reading