(Видео) Врие во Партизан, Мујакиќ спречи тепачка меѓу Јовановиќ и Аријага
Фудбалскиот клуб Партизан се наоѓа во најтешкиот период. Црно-белите се еден од ретките клубови кои сезонава испаднаа од сите три европски натпреварувања, а единствениот кој не исфрли никого од своите противници на меѓународна сцена. Синоќа, Партизан на домашен терен одигра 0:0 со Војводина во Супер лигата на Србија. Партизан во најголемиот дел од мечот беше во подредена положба, а од …
Continue Reading
Салах ја игра последната сезона во Ливерпул
Мохамед Салах, вчера упте еднаш покажа дека Манчестер јунајтед му е омилен противник во Премиер лигата. Крилниот напаѓач на последните седум гостувања на „Олд Трафорд“ десет пати ја тресел мрежата на Јунајтед. Салах го предводеше Ливерпул до импресивната победа од 3:0. Најпрвин два пати му асистираше на Луис Дијаз, а потоа и самиот го совлада Онана. Репрезентативецот на Египет, по …
Continue Reading
Тен Хаг постави негативен рекорд и порача дека тоа не го загрижува
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, повторно лошо влегоа во сезоната. Слично како и минатата и оваа ја започнаа со два порази во првите три рунди. Сепак, менаџерот Ерик тен Хаг не е вознемирен. По неделниот пораз на „Олд Трафорд“ од Ливерпул, втор во првите три кола од Премиер лигата, Холанѓанецот изјави дека „црвените ѓаволи“ повторно ќе освојуваат трофеи и уште повеќе …
Continue Reading
(Видео) Салах и Дијаз држеа час по фудбал на „Олд Трафорд“ – Ливерпул го декласира Јунајтед
Ливерпул го декласира Манчестер јунајтед со 3:0 на „Олд Трафорд“, во третото коло, во Премиер лигата. Салах забележа гол и две асистенции, два гола постигна Луис Дијаз. Арне Слот стана првиот менаџер на Ливерпул по пауза од пет децении, кој на дебито во Манчестер славел победа на „Олд Трафорд“. Ливерпул, во овој момент е друга димензија за Манчестер јунајтед. „Црвените“ …
Continue Reading
(Видео) Палас освои бод на „Стенфорд Бирџ“, Њукасл го победи Тотенхем
Во пресрет на најголемото дерби на англискиот фудбале, дуелот на Манчестер јунајтед и Ливерпул се одиграа два натпревари во рамките на 3.коло. Челзи во малото лондонско дерби не успеа да го победи Кристал Палас. „Сините“, одлично го отворија натпреварот, поведоа со 1:0 во 25. минута со голот на Џексон на асистенција на Палмер и тоа беше резултатот од првото полувреме. …
Continue Reading
(Видео) Маркез како во најдобрите денови, опасен инцидент меѓу Бањаја и Алекс
Марк Маркез потсети на славните денови кога беше неприкосновен во Мото ГП шампионатот. Шпанецот со победа го комплетираше совршениот викенд во Арагон. Маркез беше најбрз на сите тренинзи, ја освои пол-позицијата, вчера победи во спринт трката, а попладнево беже недостижен за конкурентите и на трката за Големата награда на Арагон. Маркез ја забележа 86.победа во кариерата, 60. во „кралската класа“, …
Continue Reading
Ига Швојнтек се пласираше во осминафиналето на УС Опен
Светската тенисерка број еден, Полската Ига Швоjнтек, рано утринава ја совлада Русинката Анастасија Пављученкова со 6:4, 6:2 и се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на САД. Швојнтек (23), кој го освои УС Опен во 2022 година, го победи 27. тенисер во светот, пренесува Бета. Полјакката утре ќе игра со Русинката Људмила Самсонова.
Continue Reading
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека: Немам проблем со Ернандез и Леа
Фудбалскиот тренер на Милан, Пауло Фонсека изјави дека не е во конфликт со Рафаел Леа и Тео Ернандез, кои не беа стартери на вчерашниот натпревар од третото коло на Серија А против Лацио (2:2), пренесува Ројтерс. Фонсека реши да внесе двајца фудбалери во игра во 70. минута. Три минути подоцна имаше тајм аут за освежување на играчите. Италијанските медиуми потсетуваат …
Continue Reading
Конте: Задоволен сум од тоа како клубот работеше на пазарот, Осимен нема да се врати
Фудбалскиот тренер на Наполи, Антонио Конте изјави дека е задоволен од трансфер периодот и додаде дека нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен нема да се врати во тимот, пренесуваат италијанските медиуми. „Задоволен сум од тоа како клубот работеше на пазарот. Дури и да го продадевме Осимен, ќе имавме целосна ситуација. Но, јас сум среќен“, изјави Конте. Осмен има договор со Наполи до …
Continue Reading