Убедливи победи на Шкендија и Брера, Работнички славеше против Шкупи, Струга и Гостивар освоија по бод

Шкендија и АП Брера забележаа убедливи победи во дуелите со Вардар и Пелистер во 8.коло, во Првата македонска фудбалска лига. Во дербито актуелниот првак Стуга ТЛ и Гостивар одиграа 2:2, Работнички во градската пресметка го победи Шкупи со 2:1, Беса со минимален резултат ја победи екипата на Воска спорт, а без голови заврши дуелот меѓу Тиквеш и Силекс. Дуелот на …

Continue Reading

На Мбапе не му е дозволено да го гледа дербито во Мадрид

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе нема да може во живо да го следи мадридското дерби на стадионот „Ванда Метрополитано“. Средбата е закажана за в недела во 21 часот, а напаѓачот на Реал добил совет да не доаѓа лично. Од клубот го советувале да остане дома бидејќи се плаши од можни прекршувања на безбедносните правила. Во последните години зачестија судирите меѓу навивачите …

Continue Reading

Мартин возвраќа со доминација во Индонезија

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, славеше на Големата награда на Индонезија, 15-та трка од сезоната во Мото ГП. На патеката „Мандалика“ Шпанецот ја освои третата победа сезонава, прва по трката во Ле Ман пред нешто повеќе од четири месеци, откако водеше од почеток до крај. На овој начин Мартин избриша голема грешка од саботниот спринт, кога излета од патеката …

Continue Reading

Супер Светско првенство – ова се домаќините

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави имињата на стадионите домаќини на следното Светско клупско првенство. Натпреварот ќе се одржи на тлото на Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули 2025 година. Точно 32 екипи ќе бидат домаќини на Мајами, Сиетл, Лос Анџелес, Орландо (два стадиона), Атланта, Нешвил, Шарлот, Синсинати, Вашингтон, Филаделфија и Њујорк (Њу Џерси). Повеќето од локациите …

Continue Reading

(Фото) Кирјиос повторно го прозва Синер

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос уште еднаш потврди дека не верува во невиноста на Јаник Синер. Во март Италијанецот двапати беше позитивен на забранетиот клостебол, му беше дозволено да игра, а во август Меѓународната агенција за интегритет во тенис го ослободи од обвиненијата за допинг. Сепак, во саботата Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) и …

Continue Reading

(Видео) Дебакл на Барселона во Памплона – Будимир херој на Осасуна

Фудбалерите на Осасуна ја шокираа Барселона и ја совладаа со резултат 4:2 (2:0) во натпреварот од 8.коло на шпанската Ла Лига. Ова е прв пораз за Каталонците во Примера од почетокот на сезоната. Анте Будимир постигна два од четирите гола во историска ноќ за Осасуна. Тимот од Памплона по 12 години успеа да ја победи Барселона на домашен терен. Тренерот …

Continue Reading

(Видео) Конате и Салах го лансираа Ливерпул на челната позиција во Премиер лигата

Во натпреварот од шестото коло на англиската Премиер лига, Ливерпул победи со 2:1 на гостувањето кај последнопласираниот тим во лигата Вулверхемптон. Тимот на Арне Слот на тој начин ја забележа петтата победа сезонава и со тоа го престигна актуелниот шампион Манчестер сити на врвот на табелата. Ливерпул поведе со голот на стоперот Ибрахим Конате во судиското надополнување на првото полувреме. …

Continue Reading

Вардар 1961 лесно славеше во дербито со Еурофарм Пелистер

Вардар 1961 го доби првото дерби во првенствот против Еурофарм Пелистер оваа сезона. Црвено-црните во Скопје славеа со 27:24 (15:11). Првото полувреме, во кое Вардар1961 одигра речиси беспрекорно во одбраната, со која диригираше голманот Еспиња, му ја трасираше победата на домашниот тим. Еспиња во првото полувреме забележа седум одбрани, а сето тоа го зачини во финишот на второто полувреме кога …

Continue Reading

(Видео) Палмер шоу на „Стенфорд Бриџ“ – Челси го победи Брајтон

Челси го победи Брајтон со 4:2 во шестото коло во Премиер лигата. Челси ја забележа првата победа дома во новата сезона, а Брајтон прв пат е поразен како гостин во сезоната 2024/2025. Двата тима одиграа едно од најдобрите полувремиња во последните 15 години во Премиер лигата. Полувремето го обележа Кол Палмер. Палмер стана првиот играч во историјата кој постигнал четири …

Continue Reading