Узбекистанец ќе го засили Манчестер сити?
Манчестер сити покажал сериозен интерес за 20-годишниот Абдукодир Хусанов. Узбекистанецот е фудбалер на Ланс, а според трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, Сити ќе се обиде да го реализира овој трансфер во јануарскиот преоден рок. Покрај проблемите со резултатите и лошата форма, Пеп Гвардиола има огромни проблеми со повредите на фудбалерите. Поради здравствени проблеми голем број натпревари од стартот на сезоната пропуштија централните …
Continue Reading
Луис Енрике: Сега е вистинскиот момент
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека овој месец ќе биде возбудлив за клубот, кој ќе се обиде да го освои Суперкупот на Франција и да избегне елиминација од Лигата на шампионите. Фудбалерите на Пари Сен Жермен отпатуваа за Доха, каде во недела ќе играат против Монако во Суперкупот на Франција. Енрике го доведе целиот тим, вклучувајќи ги …
Continue Reading
(Видео) Кари испиша историја во НБА, Оклахома го подобри рекордот на франшизата
Неколку интересни натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Стеф Кари влезе во историјата на НБА лигата, Оклахома го запиша 13 триумф во низа, а дуелот меѓу Бруклин и Милвоки имаше неверојатен финиш. Голден стејт Вориорс ја декласираа Филаделфија со 139:105. Вориорс ги предводеше Стивен Кари со 30 поени, 10 асистенции и шест скока. Не промаши за три поени, …
Continue Reading
Никола Јокиќ е најдобар европски кошаркар во 2024 година
Никола Јокиќ е најдобриот европски кошаркар во 2024 година, објави ФИБА. Центарот на Денвер Нагетс и српскиот национален тим ја доби престижната награда „Европски играч на годината“ со 32 проценти од гласовите. „Навивачите го изгласаа Никола Јокиќ за „европски играч на годината“, објави ФИБА. Соиграчот на Јокиќ од националниот тим, Богдан Богдановиќ со 15 отсто од гласовите, го освои третото …
Continue Reading
Барселона го отпушти готвачот поради Левандовски
Фудбалскиот клуб Барселона е во потрага по нов готвач за првиот тим, по жалбата на напаѓачот Роберт Левандовски, објавија шпанските медиуми. Како што пренесува каталонскиот весник „Спорт“, тренерот Ханси Флик побарал смена на готвачот, а спортскиот директор Деко започнал да ги интервјуира кандидатите, откако Левандовски се пожалил на начинот на подготовка на јајцата. Флик ја пренел жалбата до раководството, ја …
Continue Reading
(Видео) Мајсториите на Дамфрис ја решија Аталанта, Интер на чекор до трофејот во Суперкупот
Фудбалерите на Интер се пласираа во финалето на италијанскиот Суперкуп. На „Конгдом арена“ во Ријад, актуелниот италијански шампион ја победи Аталанта, во првото полуфинале со 2:0 (0:0). Херојот на Интер е десниот бек, Дензел Дамфрис кој ги постигна двата гола. Симоне Инзаги го испрати најсилниот тим на теренот, Џанпјеро Гасперини ротираше, Интер беше доминантен во првото полувреме, Лаутаро Мартинез промаши …
Continue Reading
Ренџерс убедлив во „Олд Фирм“ – прв пораз на Селтик сезонава
Фудбалерите на Ренџерс славеа во „Олд Фирм“ против Селтик – многу убедливо, 3:0. „Полицајците“ го надиграа актуелниот шампион на „Ајброкс“ и му го нанесоа првиот пораз сезонава. Стрелци за домашниот тим беа Јанис Хаџи во седмата минута, Робин Пропер во 66. минута и Данило во 81. минута. Ренџерс на тој начин му се реваншираше на Селтик за двата порази сезонава, …
Continue Reading
Ричи го продолжи договорот со Торино
Фудбалскиот клуб Торино денеска соопшти дека Самуеле Ричи потпишал нов договор. Ричи има 23 години, игра на позицијата дефанзивен играч за врска, а интересно е што Манчестер сити го следеше цела есен и што се споменуваше како замена за Родри. Сепак, Италијанецот реши да потпише нов договор со Торино, до летото 2028 година. Неговиот актуелен договор истекуваше во 2026 година. …
Continue Reading
Ѓоковиќ: Се надевам дека ова е годината во која ќе го освојам Бризбејн
Новак Ѓоковиќ ја почна 2025 година со победата против Гаел Монфис во Бризбејн со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето. По мечот, Ѓоковиќ беше доста расположен. На прашањето што го држи мотивиран да игра на високо ниво, најдобриот играч на сите времиња одговори: „Никогаш не сум го освоил Бризбејн. Се надевам дека ќе биде оваа година, затоа сум тука. Играв …
Continue Reading