(Видео) Расинг прв пат во историјата е шампион на Копа Судамерикана

Аргентинскиот клуб Расинг е шампион на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа) за 2024 година. Оваа екипа ја освои првата титула во ова натпреварување со победата над Крузеиро во финалето одиграно во парагвајската престолнина Асунсион со 3:1. Расинг подобро го отвори натпреварот. Веќе во седмата минута Гастон Мартирена му донесе водство на Расинг, но тој гол беше поништен по интервенцијата …

Continue Reading

(Видео) Барселона имаше 0:2 во Виго но не победи

Фудбалерите на Селта и Барселона одиграа нерешено (2:2), во последниот дуел од саботната програма од 14.коло на Ла Лига. Се чинеше дека Бареселона има се во свои раце, до последните десет минути од натпреварот. Возбудлива завршница започна по вториот жолт картон за Марк Касадо во 82. минута. Две минути подоцна, Алфонсо Гонзалес ја искористи катастрофалната реакција на Жил Кунде и …

Continue Reading

Гвардиола: Се мачиме, немаме баланс во играта

Тотенхем во Манчестер го декласира Сити со 4:0 и ја продолжи агонијата во која се наоѓа тимот на пеп Гвардиола. Ова е најдолга низа на порази на актуелен шампион во Англија уште од 1956 година, ког Челси исто така имаше пет порази по ред. Оваа серија порази е најдолга во кариерата на за многумина најдобриот тренер во моментов, Гвардиола. „Ние …

Continue Reading

Судот за спортска арбитража му ги врати титулите на Тимошчук

Поранешниот украински фудбалер, а сега тренер Анатолиј Тимошчук е еден од најнепопуларните ликови во својата татковина од почетокот на воениот конфликт меѓу Украина и Русија. Од една едноставна причина, тој остана во Зенит од Санкт Петербург, каде работи како помошник тренер.   Критиките против него се практично секојдневни, а можеби најдалеку отиде поранешниот фудбалер Олександар Алиев. „Ти си руско куче. …

Continue Reading

(Видео) Два гола и асистенција за Миовски – Убедлив триумф на Џирона против Еспањол

Џирона во малото каталонско дерби го совлада Еспањол со 4:1 и се искачи на петтото место на табелата. Натпреварот со два гола и асистенција го обележа Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец ги постигна првите гоови за Џирона во Примера, претходно постигна два и во Купот на Кралот против Екстрамадура. Тандемот Брајан Хил-Бојан Миовски го уништи Еспањол за само 22 минути. Македонскиот …

Continue Reading

Милан и Јувентус ги разочараа навивачите

Без победник и без голови заврши 242. соочување на Милан и Јувентус. Великаните на италијанскиот фудбал, пред 80.000 гледачи на „Сан Сиро“ одиграа натпревар под сите стандарди. Милан и Јувентус во дербито се појавија со јасна цел и план, да не загубат. Така на теренот ги поставија своите фудбалери Поло Фонсека и Тијаго Мота. Тренерите одиграа партија шах на теренот, …

Continue Reading

(Видео) Два гола на Миовски во интервал од шест минути

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски блеска во малото каталонско дерби. На половина од првото полувреме, Џирона води против Еспањол со 3:0. Тандемот Брајан Хил-Бојан Миовски го уништи Еспањол за само 22 минути. Македонскиот репрезентативец му асиситраше на Хил во четвртата минута за првиот гол. Потоа Хил му се реваншира со две асистенции во 16. и 22.минута. 🇪🇸 Bijon Miovski GOAL vs …

Continue Reading

(Видео) Чоло со победа го прослави 700. меч на клупата на Атлетико и 300. победа во Примера

Атлетико Мадрид тешко, во последните 15 минути го скрши отпоот на Алавес и славеше со 2:1 во 13.коло во Примера. Тренерот на Атлетико, Диего Чоло Симеоне влезе во историјат на шпанскиот фудбал, 700. пат го водеше својот тим, ја забележа 300. победа во кариерата во Примера. Симеоне во 700 натпревари има 413 победи, 156 нерешени и 131 пораз. Неговиот тим …

Continue Reading

(Видео) Интер за полувреме „пукна петарда“ во Верона

Интер ја декласира Верона на стадионот „Бентегоди“ со 5:0, во 13.коло во Серија А. Сите пет гола гостите од Милано ги постигнаа во периодот од 17. до 41. минута. Аргентинецот Хоакин Кореа го постигна водечкиот гол, а потоа додаде уште две асистенции, за двојниот стрелец Маркус Тирам во 22. и 25. минута. Последните два гола ги постигнаа играчите од одбраната …

Continue Reading