(Видео) Бетис за полувреме ја реши Џирона – Миовски повторно не играше
Фудбалерите на Бетис убедливо ја победија Џирона на гости со резултат 3:1 (3:0) во последниот натпревар од 32.коло на шпанската Ла Лига. Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви. Полуфиналистот од Конференциската лига ја продолжи добрата форма на стадионот „Монтилви“ и до крајот на сезоната ќе води голема борба за пласман во Лигата …
Continue Reading
Сензација во финалето – Го Ахед Иглс го освои холандскиот куп
Фудбалерите на Го Ахед Иглс вечерва го освоија својот прв трофеј во 122-годишната историја на клубот. Во финалето на Купот на Холандија, Иглс го победија АЗ Алкмар. Финалето одиграно на стадионот „Де Кајп“ во Ротердам аутсајдерот победи по подоброто изведување пенали. Пред речиси 43.000 гледачи резултатот по 90 минути беше 1:1, а двата гола беа постигнати од белата точка. Трој …
Continue Reading
(Видео) Дуплантис најдобар спортист во светот
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис е прогласен за најдобар спортист на светот на церемонијата „Лауреус“ во Мадрид. Дуплантис со години доминира во скок со стап, рекордот го собори 11 пати, а последниот го постави во февруари, кога прескокна 6,27 метри. Престижната награда му ја врачи Новак Ѓоковиќ, кој оваа награда ја освојуваше во пет наврати. Токму српскиот тенисер беше последниот освојувач. …
Continue Reading
Евролигата го заобиколи Ти Џеј Шортс, Кендрик Нан е МВП
Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан е избран за најкорисен играч на Евролигата во сезоната 2024/2025. Американецот ги предводеше атинските „зелени“ до третото место во регуларниот дел (22-12). Покрај МВП наградата тој ја доби наградата „Алфонсо Форд“, која му ја доделува на најдобриот стрелец на елитното европско натпреварување. Поранешниот играч на Мајами имаше просек од 21,1 поен по натпревар, заедно со …
Continue Reading
Алонсо: Шансите за освојување на титулата се само математички
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е свесен дека шансите на тимот да ја одбрани титулата во Бундеслигата се минимални. „Мора да бидеме реални и да кажеме дека имаме само математички шанси да ја освоиме титулата во Бундеслигата“, изјави Алонсо, пренесуваат денеска германските медиуми. На четири кола до крајот на Бундеслигата, тимот од Леверкузен е на второто место на табелата …
Continue Reading
Италија ги прекина сите фудбалски натпревари во знак на почит кон папата
Италијанската фудбалска федерација соопшти дека сите денешни натпревари се прекинати поради почит кон починатиот папа Франциско. Одлуката се однесува на сите нивоа на натпреварување – од највисоката лига Серија А до аматерски натпревари. Во соопштението на Федерацијата се вели дека „тагува поради смртта на папата Франциско“.
Continue Reading
Консеисао: Кога Милан освоил два трофеи во една сезона?
Тренерот на Милан, Серж Консеисао, зборуваше за својата иднина по поразот од Аталанта во Серија А. Славниот италијански тим тоне се подлабоко и подлабоко. Веќе во првата полусезона стана јасно дека нема да се борат за титулата во Серија А, а сега со 33 бода се се подалеку од местото на табелата кое води на едно од европските натпреварувања, па …
Continue Reading
Мициќ се враќа во Евролигата
Српскиот репрезентативец, Василије Мициќ, според медиумите во Шпанија е на пат да се врати во Евролигата. Според порталот „encestando.es“, репрезентативецот ангажирал нов менаџер и решил да се врати во најсилното европско клупско натпреварување. Тимот за кој ќе настапува е Хапоел од Тел Авив, кој како победник на Еврокупот за оваа сезона избори пласман во Евролигата. Двекратниот освојувач на Евролигата со …
Continue Reading
Руне и повредата посилни од Алкараз
Данскиот тенисер Холгер Руне ја освои титулата на турнирот од серијата 500 во Барселона. Руне стигна до петтиот трофеј во кариерата откако во финалето го совлада Карлос Алкараз со 7:6 (6), 6:2. Алкараз, победникот во 2022 и 2023 година, го мачеше и повреда на мускулот на десната нога, поради која не можеше да биде на ниво, особено во вториот сет. …
Continue Reading