(Видео) Солзи, емоции, тага, болка: Првиот натпревар на Ливерпул по трагичната смрт на Диого Жота

Фудбалерите на Ливерпул попладнево одиграа пријателски натпревар против Престон во предсезоната, но прв во Англија по трагичната смрт на Диого Жота. Затоа, целиот стадион му оддаде почит на португалскиот напаѓач, како и на неговиот брат Андре Силва. Клаудија Роуз Магваер, сопругата на поранешниот играч на Престон и голем навивач на Ливерпул, Шон Магваер, ја отпеа песната „Can’t Help Falling In …

Continue Reading

Продолжува доминацијата на Марк Маркез

Возачот на Дукати, Марк Маркез, денес победи на Големата награда на Германија и го зголеми своето водство во генералниот пласман. Во 200-тата трка во својата кариера, Маркез водеше од првиот до последниот круг и победи со време од 40:42.854 минути. Тој ја постигна својата деветта победа на патеката Заксенринг. Тоа беше неговата 95. победа во кариерата, а 69. во „кралската“ …

Continue Reading

(Видео) Солзи, гол и болка – Ди Марија се врати дома, момент за паметење

Аргентинецот Анхел ди Марија (37) долго ќе го памети својот прв натпревар за Росарио Централ откако се врати во клубот по долга европска кариера. Росарио и Годој Круз ремизираа (1:1) пред преполниот стадион „Гиганте де Арохито“ пред 48.000 навивачи. Навивачите се собраа во голем број, од кои многумина останаа надвор од стадионот, за човекот чие враќање го чекаа 18 години. …

Continue Reading

Модриќ направи хаос на последниот натпревар за Реал, Хрватот бил гневен на двајца соиграчи

Лука Модриќ, еден од најголемите фудбалери во историјата на Реал Мадрид, својата блескава ера во „кралскиот клуб“ ја заврши со пораз и горчлив вкус. Во натпревар кој беше симболично негов проштален, поразот од ПСЖ со 4:0 не беше најтешкиот момент. Она што го потресе Модриќ беше однесувањето на дел од соиграчите. Според шпанските медиуми, Модриќ бил видно фрустриран по последниот …

Continue Reading

Финале за историја, ПСЖ и Челзи во судир за светската круна

Европскиот шампион Пари Сен Жермен и актуелниот освојувач на Конференциската лига, Челзи, ќе се борат за титулата на првото издание на Светското клупско првенство во новиот формат со 32 екипи, што се одржува во Соединетите Американски Држави. Финалето ќе се игра вечерва од 21 часот (по македонско време) на легендарниот стадион „Метлајф“ во Њу Џерси, каде фудбалска елита од цел …

Continue Reading

Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, кариерата ќе ја продолжи во турската Суперлига. Тој и официјално е претставен како нов играч на екипата на Коњаспор, со која потпиша двегодишен договор, до 30 јуни 2027 година. Откако пред десетина дена го прослави својот 30-ти роденден како слободен играч, Барди стави крај на шпекулациите и ја прифати понудата од турскиот суперлигаш. …

Continue Reading

Спектакуларната Швионтек „на велосипед“ до тронот на Вимблдон

Ига Свјонтек го освои првиот Вимблдон во својата кариера на спектакуларен начин. Во финалето ја победи Американката Аманда Анисимова со 6:0, 6:0 за само 58 минути. Швионтек направи пробив на почетокот и од тој момент сè тргна по нејзина волја. Анисимова беше премногу нервозна и никогаш не успеа да ја загрози својата соперничка. За жал за неа, таа дури и не …

Continue Reading

Победник на спринт трката во Заксенрниг е возачот на Дукати, Марк Маркез

Марк направи голема грешка на самиот почеток, веќе во првата кривина. Тој остана на петтото место и на крајот успеа да ја однесе победата престигнувајќи го Марко Бечеки во последниот круг! Марк „надомести“ едно место кога Франко Морбидели, кој во тој момент беше на второто место, излета од патеката, а потоа успеа трпеливо да се пробие до Фабио Куартараро, да го …

Continue Reading

Кристал Палас исфрлен од Лигата на Европа, Нотингем Форест „упаѓа“

Европската фудбалска унија го исфрли Кристал Палас од Лигата на Европа и го „префрли“ во Конференциската лига! УЕФА донесе одлука за исфрлање на Кристал Палас од Лигата на Европа поради кршење на правилата за повеќекратна сопственост на клубови во истото натпреварување. УЕФА, исто така, соопшти дека Кристал Палас може да поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана. Нотингем …

Continue Reading