Галатасарај ќе започне преговори за Чалханоглу
Фудбалскиот клуб Галатасарај е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу. Капитенот на турската репрезентација има договор со Интер до јуни 2027 година. Турските медиуми, во денешните изданија пишуваат дека се очекува доаѓањето на агентот на турскиот фудбалер Гордон Стипиќ во Истанбул за да се започнат преговорите. Засега не е познато колкаво обесштетување ќе побара Интер за Чалханоглу. Специјализираната …
Continue Reading
По Ристовски и Адеми ќе го напушти Динамо
Реконструкцијата на „Максимир“ продолжува, се поизвесно е дека Динамо ќе го напушти долгогодишниот капитен. По Бруно Петковиќ, Марко Пјаца, Стефан Ристовски, Динамо ќе се раздели и со клупската икона, Аријан Адеми, пишува „Germanijak“. Поранешниот македонски репрезентативец, Адеми разговарал со директорот Звонимир Бобан и дознал дека доколку остане во клубот ќе има лимитирана минутажа, што не се совпаѓа со амбициите на …
Continue Reading
(Видео) ПСЖ лесно против Атлетико на стартот клупскиот Мундијал
Актуелниот европски шампион ПСЖ го победи Атлетико Мадрид во првото коло од Групата Б со резултат од 4:0. Натпреварот се одигра во Лос Анџелес. Парижаните сè уште не ги „исклучиле моторите“ и очигледно намерата им е да го освојат клупскиот Мундијал, откако ја освоија Лигата на шампионите, прва во историјата на клубот. ПСЖ влезе во натпреварот поконкретно и посигурно, а …
Continue Reading
(Видео) Дуплантис 12-ти пат во кариерата го сруши светскиот рекорд
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд по 12-ти пат во кариерата. Најдобриот скокач со стап на сите времиња повторно се надмина себеси, овој пат на митингот во Дијамантската лига на домашен терен во Стокхолм. Дуплантис повторно, како и секогаш, се натпреваруваше сам со себе, и успеа да прескокне рекордни 6,28 метри. Светскиот рекорд го постави од првиот обид. …
Continue Reading
Имобиле им се понудил на Милан
Чиро Имобиле му се понудил на фудбалскиот клуб Милан, објавува „Кориере дела Сера“. Искусниот фудбалер, по сопствена иницијатива, стапил во контакт со новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, кого го познава многу добро бидејќи работеа заедно во Лацио неколку години. Имобиле играше за Бешикташ минатата сезона, но би сакал да се врати во родната Италија и веќе избрал клуб. …
Continue Reading
Магдебург преку Берлин до трофејот во Лигата на шампионите
Ракометарите на Магдебург петти пат во клупската историја се европски шампиони. Вечерва во Келн, Магдебург, во финалето, го победи Берлин со 32:26 (16:12). Магдебург претходно беше шампион во 1978, 1982, 2002 и 2023 година. Магдебург го одигра првото полувреме феноменално. Целосно го неутрализираше најсилното оружје на берлинскиот тим, играта во транзиција. Играше исклучително агресивно и цврсто во одбраната, решително и …
Continue Reading
37-годишната Татјана Марија сензационално го освои Кинс Клуб
Германската тенисерка Татјана Марија е сензационална победничка на турнирот во Квинс. Триесет и седумгодишната Марија дојде во Лондон, односно во Квинс Клуб, со цел да се обиде преку квалификациите да избори на турнирот, а си замина со титулата. Во квалификациите, таа ги победи Чан и Родионова, кои вкупно ѝ однесоа шест гема. Во првото коло, ја победи Лејла Фернандез (30. …
Continue Reading
Мемфис и Орландо ја шокираа НБА
Мемфис Гризлис и Орландо Меџик, го шокираа светот на кошарката, откако договорија размена каква што никој не можеше да очекува. Мемфис Гризлис го испратија Дезмонд Бејн во Орландо Меџик, во спротивна насока заминаа, Кол Ентони и Кентавиус Колдвел-Поуп, како и четири избори од првата рунда. Зошто Мемфис Гризлис го направија ова? Тимот што неодамна изгради јадро од млади играчи се …
Continue Reading
Ливерпул ќе реализира уште еден 100+ милиониски трансфер
Ливерпул не планира да запре во актуелниот преоден рок. Откако клубот го урна трансфер рекордот за Флоријан Вирц, според медиумите „црвените“ се подготвени да потрошат уште 117 милиони евра. Сагата околу Флоријан Вирц заврши со хепиенд за Ливерпул. Клубот со бонусите за германскиот репрезентативец на Баер Леверкузен ќе му плати 136,5 милиони евра. Ова е не само најголемиот трансфер во …
Continue Reading