(Видео) Јувентус го декласира Ал Аин

Фудбалерите на Јувентус го декласираа Ал Аин во првото коло од Групата Г на Светското клупско првенство. Тимот од Торино победи со 5:0, а сите голови ги постигнаа стартерите во нападот на Јувентус. „Старата дама“ прашањето околу конечниот победник го реши во првите 45 минути. Тренерот Игор Тудор, во нападот го избра триото Консеисао, Коло Муани и Јилдиз, а тие …

Continue Reading

Најславната НБА франшиза има нов газда

НБА франшизата Лос Анџелес Лејкерс доби нов сопственик, а вредноста на зделката се проценува на 10 милијарди долари. Семејството Бас се согласи да го продаде својот мнозински сопственички пакет и да ја предаде славната франшиза на милијардерот, сопственикот на ЛА Доџерс, Марк Волтон. Волтон и групата инвеститори што ги собра за оваа пригода ќе му платат на семејството Бас десет …

Continue Reading

(Видео) Флорида Пантерс ја одбранија титулата

Хокеарите на Флорида Пантерс одиграа уште една одлична сезона и ја одбранија титулата шампион на НХЛ. Пантерс, како и минатата година, беа подобри од Едмонтон Ојлерс. Пантерс победија во шест натпревари. Флорида, во финалната серија ја предводеа Сем Рајнхарт, Метју Ткачук и Картер Верхеги со по 23 поени, додека Сем Бенет и капитенот Саша Барков имаа по 22 поени. Тие …

Continue Reading

Лејкерси се на продажба

НБА франшизата Лос Анџелес Лејкерс наскоро ќе биде продадена, а вредноста се проценува на 10 милијарди долари. Неверојатни и неочекувани вести доаѓаат од НБА инсајдерот Шамс Чаранија, кој објави дека семејството Бас одлучило да го продаде својот мнозински удел во Лос Анџелес Лејкерс. Семејството Бас ќе ги продаде Лејкерс на Марк Волтер, извршен директор и претседател на холдинг компанијата „TWG …

Continue Reading

(Видео) Боно херој, Ал Хилал го запре Реал

Реал Мадрид и Ал Хилал, на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, одиграа 1:1 во првиот натпревар во Х групата, на Светското клупско првенство. За Реал, поради болест не играше Килијан Мбапе, а дебитираа тренерот Чаби Алонсо, Хујсен и Александер-Арнолд. Голманот на Ал Хилал, Боно го обележа натпреварот, му одбрани пенал на валверде во 92.минута. „Кралскиот клуб“ и Ал Хилал го …

Continue Reading

Мудрик обвинет за допинг, паднал на супстанца што ја користат руските супер војници

Михајло Мудрик, крилниот напаѓач на Челзи, е обвинет од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) за прекршување на прописите за допинг и сега се соочува со долгорочна суспензија. Според правилата на ФА, Мудрик може да биде суспендиран до четири години откако минатата година дал позитивен примерок „А“, за кој се верува дека ја содржи забранетата супстанца за подобрување на перформансите, мелдониум. „Дејли …

Continue Reading

(Видео) Рутинска победа на Сити над Видад Казабланка

Фудбалерите на Манчестер sити го започнаа Светското клупско првенство со победа. Фил Фоден се истакна со гол и асистенција, додека Рајан Шерки и Тијани Рејндерс дебитираа за „граѓаните“. Фудбалерите на Сити релативно лесно излегоа на крај со Видад Казабланка. Натпреварот на „Линколн Фајненшл Филд“, во Филаделфија заврши со резултат 2:0 (2:0). Фудбалерите во светло сини дресови рутински ја завршија својата …

Continue Reading

„Вечните” ривали се здружија и ги исфрлија Морнар и Цибона од АВА лигата

По испаѓањето од АБА лигата, Цибона и Морнар се надевале дека ќе останат меѓу регионалната елита преку административни средства, но тоа нема да се случи, дознава „Спортклуб“. На седницата на Собранието на АдмиралБет лигата, одлучено е Цибона и Морнар да го загубат местото во натпреварувањето, иако имаат удел во нејзината сопственичка структура. АБА лигата им понуди на Цибона и на …

Continue Reading

Македонските тимови добија тешки противници ако минат во втората рунда во КЛ

Фото/ffm.mk Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат доколку го минат првото квалификациско коло во Конференциската лига. Првите натпревари, во рамките на првото коло ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули. Осовјувачот на Купот на Македонија, Вардар, за противник во првата рунда го доби тимот од Сан Марино, …

Continue Reading