(Видео) Арнаутовиќ се расплака на прашањето за Синиша Михајловиќ
Фото/ Принтскрин Фудбалскиот клуб Црвена звезда на „Маракана“, го претстави најголемото засилување, Марко Арнаутовиќ. Арнаутовиќ потпиша двегодишен договор со српскиот шампион, а медиумите објавуваат дека ќе заработува два и пол милиони евра по сезона. Репрезентативецот на Австрија одговори на многу прашања, а не можеше да го задржи солзите кога го прашаа за Синиша Михајловиќ. „ Ова прво прашање е многу …
Continue Reading
Чичарито казнет за сексистички коментари
Мексиканскиот фудбалер Хавиер Ернандез Чичарито (37) е казнет за сексистички коментари на социјалната мрежа „ТикТок“. Мексиканската фудбалска федерација (FMF) го казни најдобриот стрелец на сите времиња во националниот тим за објавување видеа што промовираат родови стереотипи. „Пред неколку дена, на социјалната мрежа „ТикТок“, Хавиер Ернандез даде коментари што промовираат родови стереотипи, се сметаат за медиумско насилство и се спротивни на …
Continue Reading
Еступињан во Милан за 17,5 милиони евра
Еквадорскиот фудбалер Первис Еступињан (27) е нов член на Милан, објави седумкратниот европски шампион. Еступињан ќе биде првиот Еквадорец во Милан. Тој потпиша договор со „росонерите“ до јуни 2030 година. Цената на трансферот не беше откриена, но италијанските и англиските медиуми објавија дека Брајтон ќе добие фиксна сума од 17,5 милиони евра, плус потенцијални два и пол милиони преку бонуси. …
Continue Reading
Кирјос повторно „удри“ по Синер: Измамени сме дами и господа
Австралискиот тенисер Ник Кирјос не престанува да го критикува Јаник Синер по скандалот со допинг. Синер двапати не го помина тестот минатата сезона поради клостебол, а на почетокот на оваа година отслужи тримесечна суспензија. Италијанецот го отпушти Умберто Ферара, тренерот за кондиција вклучен во скандалот, пред последниот почетокот на Ју-ес опен минатат година, но во меѓувреме одлучи да го врати …
Continue Reading
Влаховиќ би можел да се пресели на „Сан Сиро“
Српскиот репрезентативец, Душан Влаховиќ би можел да замине во Милан од Јувентус. Двата клуба воспоставиле контакт, а италијанските медиуми проценуваат дека „старата дама“ ќе бара отштета помеѓу 18 и 20 милиони евра. Влаховиќ е голема желба на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој го тренираше и додека беше на чело на Јуве. Исто така, Влаховиќ, кој веќе одби неколку профитабилни …
Continue Reading
Вардар вечерва против Лозана
Вардар, вчерва ќе ја пречека Лозана, во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Во таборот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија, очекуваат тежок меч, со надеж дека ќе обезбедат предност пред реваншот во Швајцарија. „Се зависи од ривалот како ќе ни дозволи да играме, но знам дека секој наш играч што ќе излезе на теренот, ќе …
Continue Reading
Откриена причината за смртта на Феликс Баумгартнер
Феликс Баумгартнер (56), австриски екстремен спортист познат по своите историски скокови со падобран и рекорди што ги поместија границите на човечките можности, почина пред една недела во несреќа во Италија. Почина во Порто Сант’Елпиди за време на лет со параглајдер. Првичните извештаи велеа дека Баумгартнер починал откако му се слошило во воздух и ја изгубил контролата врз параглајдерот. Се шпекулираше …
Continue Reading
Атлетико го потврди доаѓањето на Ханцко
Атлетико Мадрид постигна договор со Феенорд за трансфер на дефанзивецот Давид Ханцко. Словачкиот дефанзивец ќе помине медицински прегледи во наредните денови и ќе потпише договор со „јорганџиите“. Ханцко (27) беше блиску до трансфер во Ал-Наср од Саудиска Арабија. Словакот се појави во новиот клуб и доживеа шок бидејќи клубото но клубот одлучи да се повлече од договорот во последен момент. …
Continue Reading
Сега е официјално, Екитике во Ливерпул
Францускиот напаѓач Уго Екитике (23) и официјално е играч на Ливерпул. Англискиот шампион објави дека е постигнат договор со Ајнтрахт во врска со трансферот на Екитике, кој ќе стане втор највреден трансфер ова лето во Европа и Премиер лигата. И највредниот го направи Ливерпул, за Флоријан Вирц на Баер му плати 125 милиони евра. „Црвените“ платија за Екитике 80 милиони …
Continue Reading