Винисиус: Анчелоти е најдобриот тренер што сум го имал во кариерата
Напаѓачот Винисиус Жуниор призна дека Карло Анчелоти е неговиот омилен тренер, иако Италијанецот го напушти Реал Мадрид пред пет месеци. Сега тие повторно соработуваат заедно во националниот тим на Бразил. 25-годишниот крилен играч има 201 натпревар под водство на Анчелоти – двојно повеќе отколку со Зидан. За Кралевите постигна 90 гола и 68 асистенции, а за Селесао во три натпревари …
Continue Reading
УЕФА подготвува нова револуција, ќе има промени во квалификациите за ЕП и за СП
Квалификациите за Светско и Европско првенство во фудбал би можеле да доживеат целосна промена. УЕФА размислува за воведување систем сличен на Лигата на шампионите, пишува британски „Тајмс“. Лига-шемата би овозможила повеќе големи натпревари, а помалите репрезентации сепак би имале шанса за дуели со силните селекции. Се размислува и за вклучување на Лигата на нации како дел од квалификациите. Генералните секретари …
Continue Reading
Влаховиќ: За мене е ова најтешкиот пораз во репрезентативната кариера
Напаѓачот Душан Влаховиќ ја коментираше тешкиот пораз на Србија од Албанија (0-1). Фудбалерот на Јувентус зборуваше отворено за емоциите по мечот. „Ова не е лесно. За мене е најтежок пораз од кога сум во репрезентацијата, и верувам дека другите момци се чувствуваат исто. Тежок ден, тешка вечер. Нема што друго да кажам“, изјави Влаховиќ. И покрај необичната, речиси „театрална“ атмосфера …
Continue Reading
Голманот на Барселона сигурно ќе го пропушти првото Ел Класико
Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, ќе го пропушти првото Ел Класико оваа сезона. Шпанецот го повреди менискусот на коленото во мечот со Овиедо минатиот месец и мораше да оди на операција. „Сè оди добро, но ќе се вратам за околу еден месец“, изјави Гарсија. Тоа значи дека Барселона ќе продолжи да смета на Војчех Шчесни на голот. Шпанските …
Continue Reading
Нотингем Форест веќе го пронајде наследникот на Постекоглу
Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест веќе бара замена за менаџерот Анге Постекоглу. Главен кандидат е Шон Дајш, јавуваат британските медиуми. Дајш е поранешен играч од академијата на клубот и живее во градот. Има големо искуство со тимови во Премиер лигата. Последно го водеше Евертон, но беше отпуштен по завршувањето на минатата сезона и сега е слободен за нов предизвик. Постекоглу беше …
Continue Reading
Оставката на Пикси е прифатена, Зоран Мирковиќ ќе ги предводи Србите против Андора
Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката на селекторот Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во Лесковац. Пикси нема да патува со тимот во Андора. Тимот ќе го предводи Зоран Мирковиќ, селекторот на младата репрезентација. Тој веќе се приклучи на тимот во Ниш заедно со стручниот штаб. „По поразот на репрезентацијата од Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка …
Continue Reading
Покоњоли е нов тренер на Монако
Францускиот клуб Монако, го назначи 38-годишниот поранешен белгиски репрезентативец Себастијан Покоњоли за нов тренер на тимот. Тој го наследува Австриецот Ади Хутер, кој го напушти клубот на 10 октомври, соопшти официјалниот сајт на клубот. Како играч, Покоњоли настапуваше за Генк, АЗ Алкмар, Стандард, Хановер, Вест Бромич Албион, Брајтон и Унион Сен Жил. По завршувањето на играчката кариера, тој започна тренерска …
Continue Reading
ВИДЕО: Рубен Невеш го посвети голот на трагично загинатиот пријател Диого Жота
Фудбалската репрезентација на Португалија стигна до драматична победа со 1-0 против Ирска во квалификациите за Светското првенство 2026. Голема улога имаше Рубен Невеш од Ал-Хилал, кој постигна победнички гол во 91. минута. Претходно, Кристијано Роналдо промаши пенал, што ја зголеми тензијата на теренот. Oh my world Ruben Neves has killed the Irish hopes! Portugal beats Ireland in stoppage time #PORIRE …
Continue Reading
Норвешка ѝ даде поддршка на Палестина, но сега се соочува со строги санкции од ФИФА
По сè што се случи синоќа на натпреварот помеѓу Норвешка и Израел, Норвежаните би можеле да добијат строга казна од ФИФА за пораките што ги испратија. Норвешка го победи Израел на крилата на Ерлинг Халанд, а конечниот резултат од овој натпревар беше дури 5-0 во корист на домашната селекција. Сепак, сè можеше скапо да ги чини бидејќи ги прекршија правилата …
Continue Reading