Бошко Ѓуровски се струполи зад говорницата на комеморацијата на Дејан Миловановиќ

Бошко Ѓуровски се онесвести за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ, а првите информации за здравствената состојба на легендата на Црвена звезда се охрабрувачки. Присутните веднаш го кренаа Ѓуровски, а тој брзо се освести и се чувствуваше добро по укажаната помош. Секако, здравствената состојба на Ѓуровски ќе биде детално испитана и се чекаат прегледи, а најважно е што …

Continue Reading

„Идиотите не разбираат ништо од фудбал“

Кристијано Роналдо одговори на критиките упатени кон неговиот соиграч Жоао Феликс, поради неговиот трансфер во Ал Наср. Феликс минатото лето се пресели во Челзи од Атлетико Мадрид, бидејќи не играше многу на „Стемфорд Бриџ“, замина на позајмица во Милан. Таму не се прослави се врати во Челзи, а во финишот на преодниот рок реши да замине во Саудиска Арабија. Одигра …

Continue Reading

Ни поп не може да го натера Аморим да ја смени формацијата

Манчестер Јунајтед сè уште талка на почетокот од новата сезона, а тренерот Рубен Аморим останува доследен на својата филозофија на играта, иако е под сериозен притисок од јавноста и навивачите. Серијата лоши резултати дополнително ги зголеми критиките кон португалскиот стручњак, а повеќето полемики се однесуваат на неговата одлука да не отстапи од формацијата со тројца во последната линија, односно формацијата …

Continue Reading

Хамилтон ги продал сите автомобили

Луис Хамилтон, ѕвездата на Ферари и најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња, откри како се ослободил од својата колекција автомобили вредна повеќе милиони евра и се свртел кон нова страст, уметноста. Седумкратниот светски шампион и рекордер со 105 победи им го потврди ова на новинарите во Баку во пресрет на Големата награда на Азербејџан, пишува „GrandPrix247“. 40-годишниот Британец …

Continue Reading

Меси за две ипол години во Мајами заработил 150 милиони долари

Лионел Меси (38) ќе го заврши својот договор со Интер Мајами на крајот од оваа година, потпишан во летото 2023 година. „Мајами Хералд“ пишува дека сега „по долги преговори, кои се влечеа во последните неколку месеци, Интер Мајами и аргентинската легенда се согласија за условите на нов, повеќегодишен договор“ и додава: „Тоа ќе биде последниот договор во кариерата на Меси, …

Continue Reading

Една милијарда евра ќе вложат Интер и Милан во новиот стадион

Претседателот на Милан, Паоло Скарони (78), истакна дека Интер и Милан ќе го добијат најдобриот стадион во Европа до 2031 година, кој ќе биде гордост на сите граѓани на Милано, објавија италијанските медиуми. „Проектот за нов стадион во градскиот округ Сан Сиро е во изработка веќе долго време, инвестирани се многу пари и сигурно ќе ја постигнеме зацртаната цел. Милан …

Continue Reading

Синот на Зидан го смени спортското државјанство

Синот на легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан, Лука, госмени спортското државјанство и во иднина ќе игра за Алжир, објави денес Светската фудбалска федерација (ФИФА). Како што објави ФИФА, барањето на Лука Зидан е одобрено бидејќи тој никогаш не бранел за Франција во сениорската конкуренција, туку само во помладите категории. Лука Зидан има 27 години и го брани голот на шпанскиот …

Continue Reading

Гвардиола: Ако Артета ја освои титулата, тоа ќе биде само поради вложените пари

Пред дербито со Арсенал, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше и за својот пријател и поранешен помошник Микел Артета, сегашниот менаџер на лондонските „топџии“. Дербито на петтото коло од Премиер лигата се игра во недела во Лондон, каде што Арсенал го пречекува Манчестер Сити. „Топџиите“ беа вицешампиони на Англија во последните три сезони, двапати зад „граѓаните“ на Гвардиола, а …

Continue Reading

(Видео) Никој не може со Ноа Лајлс на 200 метри

Американецот Ноа Лајлс е победник во трката на 200 метри на Светското првенство во Токио. Лајлс стигна до целта со време од 19,52, пред сонародникот Кенет Беднарек (19,58) и Јамајканецот Брајан Левел (19,64). Летли Тебого заврши само една десетинка зад Левел. Американскиот спринтер, кој беше симнат од тронот во трката на 100 метри во Токио, ја продолжи својата неверојатна доминација …

Continue Reading