Го декласира европскиот првак Фенербахче па од Дубаи доби нов договор

Кошаркарскиот клуб Дубаи објави дека го продолжил договорот со главниот тренер Јурица Големац до 2028 година. Големац се приклучи на Дубаи по основањето на клубот, во летото 2024 година. Словенецот е клучна фигура во брзиот подем на клубот, кој импресионираше во дебитантската сезона во АБА лигата, а потоа обезбеди билет за Евролигата. Дубаи ја заврши регуларната сезона во АБА лигата …

Continue Reading

Јанис кариерата сака да ја заврши во Грција

Најдбриот грчки кошаркар, НБА ѕвездата Јанис Адетокумбо, планира да игра уште најмалку шест години и веќе знае каде би сакал да ја заврши кариерата. Поранешниот двократен МВП на НБА во дресот на Милвоки Бакс нагласи дека би сакал да се пензионира во својата земја, најавувајќи дека во пензија би заминал на 36, 37 или 38 години. „Имам 30 години, можам …

Continue Reading

Ерик Сполстра нов селектор на Дрим тимот

Тренерот на Мајами Хит, 54-годишниот Ерик Сполстра, е именуван за селектор на машката кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави, објави НБА во средата. Сполстра ќе го предводи Дрим тимот на САД на Светското првенство во Катар во 2027 година и на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Сполстра беше избран од директорот на кошаркарската репрезентација на САД, Грант …

Continue Reading

(Видео) Аргентина го декласира Порторико – Меси сруши уште еден рекорд

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, сруши уште еден рекорд. Со две асистенции во убедливата победа од 6:0 против Порторико, тој стана најдобар асистент во историјата на репрезентативниот фудбал. Со вкупно 60 асистенции, тој ги престигна претходните рекордери, Бразилецот Нејмар и легендарниот американски репрезентативец Лендон Донован, кои имаа по 58. На Меси му недостигаат уште две асистенции, за да дојде до …

Continue Reading

Македонија во баражот за СП ќе биде во третиот или четвртиот „шешир“

Англија прва од европската квалификациска зона обезбеди пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Европа на Мундијалот ќе биде застапена со 16 национални тимови. Ситемот е таков што директен пласман обезбедуваат 12-те победници на групите. Останатите четири селекции од Европа ќе бидат победниците на мини-квалификациските турнири (четири екипи ќе учествуваат …

Continue Reading

(Видео) Собослаи ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Унгарија ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на Светското првенство. Вечерва на „ Хозе Алваладе“ стадионот во Лисабон, Португалија и Унгарија ремизираа 2:2. Промоцијата на Португалија ја одложи играчот на Ливерпул, Доминк Собослаи со голот во 91-та минута. Португалците ја предводат групата со 10 поени, пет повеќе од Унгарија и сигурно е дека во наредната рунда, …

Continue Reading

(Видео) Англија прва од Европа избори пласман на СП, Србија прими гол од центар па ја победи Андора

Фудбалската репрезентација на Англија прва од Европа избори место на Светското првенство. Англија пукна петарда во Латвија, на две кола до крајот има 18 поени во групата, седум повеќе од Албанија и осум од Србија, која се мачеше во Андора, но победи со 3.1. Англија ја покажа класата во К групата, шест натпревари исто толку победи и гол разлика 18:0. …

Continue Reading

Црвена звезда ја прекина лошата серија против Жалгирис, Дубаи го декласира Фенер, Ефес победи кај Олимпијакос

Црвена звезда ја прекина лошата серија против Жалгирис, Дубаи среде Истанбул го декласира Фенербахче, а Ефес во Атина го победи Олимпијакос во четвртото коло во Евролигата. Црвена звезда на дебито на новиот тренер Саша Обрадовиќ, славеше против Жалгирис 88:79. Црвено-вбелите предводени од Џордан Нвора го симнаа проклетството против литвванскиот тим, ја прекинаа серијата од пет порази и воедно на Жалгирис …

Continue Reading

Јужна Африка е 23-от учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка е 23-та репрезентација, која обезбеди место на Светското првенство следната година во Канада, САД и Мексико. Јужна Африка пласманот го избори со победата од 3:0 над Руанда дома во 10-то коло од мундијалските квалификации. Головите на Таленте Мбате, Освин Аполис и Евидес Макгопе и ја донесоа победата на „бафана бафана“. Јужна Африка го престигна Бенин …

Continue Reading