Швјонтек го освои Синсинати

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја освои титулата на турнирот од серијата ВТА 1000 во Синсинати. Во финалето, тенисерката од Полска ја победи Италијанката Јасмин Паолини по два сета со 7:5, 6:4. Ова е нејзина прва титула на овој турнир, и ја врати на второто место на ВТА листата и на второто место за носител на претстојниот Ју-ес опен кој започнува …

Continue Reading

Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати. Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер. Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор. Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот …

Continue Reading

Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата. Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во …

Continue Reading

Нотингем Форест го засили нападот

Арно Калимуендо, до неодамна играч на Рен, потпиша договор со Нотингем Форест. Францускиот клуб доби 30.000.000 евра обештетување, а двократниот европски шампион со овој трансфер најави големи амбиции во новата сезона, во која ќе се натпреварува и во Лига Европа. Калимуендо ја започна својата кариера во Пари Сен Жермен, но таму играше многу малку. Пред три години се пресели во …

Continue Reading

Епизода од една сезона, Ферари нашле замена за Хамилтон?

Луис Хамилтон се пресели од Мерцедес во Ферари со големи амбиции, но првиот дел од сезоната за седумкратниот првак е вистински кошмар. Исклучок е спринт трката за Големата награда на Кина, каде победи Британецот. Особено разочарувачки беше неговиот настап во Унгарија, не успеа да влезе во последната квалификациска сесија, стартуваше 12-ти и на таа позиција ја заврши трката. Хамилтон е …

Continue Reading

НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија. Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година. Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар. Кошаркарите на Басконија …

Continue Reading

Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“. Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции. Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани …

Continue Reading

Але официјално се врати во Утрехт

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастијан Але, ја напушти Борусија Дортмунд и денес потпиша договор со холандскиот клуб Утрехт. Кратко по пристигнувањето во Борусија во 2022 година, за време на тренинг му беше дијагностициран тумор на тестисите, што бараше две операции и хемотерапија. Тој се врати на теренот по само шест месеци. Во сезоната 2022/23, Але постигна девет гола …

Continue Reading

Пеко полека го губи трпението со Дукати

Италијанскиот возач на Дукати во шампионатот на Мото ГП, Франческо Бањаја, испрати порака до лидерите на својот тим дека полека го „губи трпението“. Франческо Бањаја е двократен светски шампион во Мото ГП и прв возач по Кејси Стонер кој му го донесе шампионскиот трофеј на „црвениот“ италијански тим. Оваа сезона, Пеко вози многу послабо отколку во претходните години, додека неговиот …

Continue Reading