(Видео) Нереални сцени на натпреварот од Младинската лига на УЕФА во Келн

Младинската лига на УЕФА влезе во нокаут фазата, познати се сите учесници во осминафиналето. Натпреварите одиграни во рамките на 1/16-финалето ги обележа дуелот во Келн. Германскиот тим таму беше домаќин на Интер, а атмосферата беше неверојатна. Клубот ги распродаде сите 50.000 билети за натпреварот на младинскиот тим, а атмосферата беше еднаква на онаа што ја гледаме во најдобрите натпревари од …

Continue Reading

Илина и Ева го вееја македонското знаме на натпревар во Франција

Сестрите Илина и Ева Соколовски минатиот викенд ја претставуваа Македонија на традиционалниот Интернационален турнир во ритмичка гимнатсика „Елегант куп“ во Келеј, Франција. На овој турнир учествуваа гимнастичарки од многу европските држави. Илина имаше четири настапи- топка, холохоп, лента и чуневи. На настапите со топка и холохоп во големата конкуренција го освои 10-тото место, додека со лента и чуневи го освои …

Continue Reading

Белингем ги загрижи фановите, снимен со маска за кислород

Ѕвездата на Реал Мадрид, англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингем, ги загрижи навивачите откако предвреме го напушти натпреварот против Рајо Ваљекано поради повреда на тетивата. Дополнително внимание предизвика неговата објава на социјалните мрежи во која носи маска за кислород со пораката: „Животот продолжува“. 📲 Jude Bellingham on his app: “Life goes on.” pic.twitter.com/8xj6XoLgNr — Madrid Zone (@theMadridZone) February 3, …

Continue Reading

Флег игра чудесна руки сезона во НБА лигата

Купер Флег, 19-годишниот дебитант на Далас Маверикс и првиот избор на овогодинешниот НБА драфт, продолжи со одлични игри во својата прва сезона. Флег, во поразот 100:110 против Бостон Селтикс, стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 30 поени во три последователни натпревари. Неговиот настап, како што објавија американските медиуми, во моментов малку им значи на Мавс, кои …

Continue Reading

Јилдиз ќе потпише нов договор со Јувентус

Според извештаите од Италија, ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз (20), е подготвен да потпише нов, подобрен долгорочен договор со клубот, до летото 2030 година. Со новиот договор, турскиот напаѓач би добил значително зголемување на платата. Тековниот договор на Јилдиз е до летото 2029 година, но „бјанконерите“ сакаат да го наградат за неговите одлични настапи и да го обезбедат неговиот престој. …

Continue Reading

Српски тренер ќе води тим на Ол стар натпреварот

Дарко Рајаковиќ дека ќе предводи еден од трите тима на Ол-стар викендот, pотврди неговиот тим Торонто Репторс. Комесарот на НБА, Адам Силвер, го именуваше Дарко Рајовиќ за тренер на тимот кој e составен од неамерикански играчи за време на Ол-стар викендот. Ова е голема чест за тренерот од Чачак, бидејќи странците никогаш не биле тренери на Ол-стар натпреварот. Покрај Рајаковиќ, …

Continue Reading

Првиот позитивен случај на допинг пред Зимските олимписки игри во Италија

Ребека Песлер беше суспендирана по позитивниот допинг тест утврден од Антидопинг агенцијата на Италија (NADO), поради супстанцијата летрозол метаболит, кој се користи за намалување на нивото на естроген и често е присутен во терапиите за рак на дојка, пренесуваат светските медиуми. Италијанскиот олимписки комитет потврди дека таа веднаш е исклучена од олимпискиот тим, што е првиот позитивен случај на допинг …

Continue Reading

Алкараз беше „чудовиште“ и на 14-годишна возраст, вели Ферер

Давид Ферер, поранешниот трет светски тенисер, раскажа интересна анегдота за Карлос Алкараз, откако неговиот сонародник го освои Австралија Опен за прв пат во кариерата. Алкараз ги обедини сите четири титули на Гренд слем со својот триумф во финалето над Новак Ѓоковиќ, а Ферер беше меѓу оние кои рано знаеја дека го очекува одлична тениска иднина. Ферер се врати малку назад …

Continue Reading

Бамба пред заминување од Хајдук: Белорускиот шампион нуди поголема плата

Абдулие Санјанг, познат како Бамба (26), десното крило на Хајдук, е блиску до заминување од „Пољуд“. Хајдук добил понуда од нешто помалку од 500.000 евра за негов трансфер, а таа пристигнала од Витебск, актуелниот шампион на Белорусија. Како што пишува „Далматински портал“, Белорусите на Хајдук му нудат и дополнителни бонуси, како и 10 отсто од евентуалната идна продажба на играчот. …

Continue Reading