Леонардо Жардим официјално го презеде Фламенго

  Португалскиот тренер Леонардо Жардим го презеде кормилото од бразилскиот гигант Фламенго. По изненадувачката смена на Фелипе Луис, кој му донесе на Фламенго седум трофеи минатата година, црвено-црните од Рио де Жанеиро се одлучија за Леонардо Жардим. Тој потпиша договор до декември 2027 година. Жардим е најпознат по својот мандат во Монако, со кој го освои француското првенство и промовираше …

Continue Reading

„Финалисима“ веројатно ќе се игра во Италија

  Натпреварот помеѓу европскиот шампион Шпанија и јужноамериканскиот шампион Аргентина закажан за 27 март, во Доха, во рамките на Фудбалскиот фестивал, ќе биде преместен во Европа, поради војната на Блискиот Исток. . Иако ФИФА сè уште не донела конечна одлука, двете конфедерации се согласиле натпреварот дефинитивно да не се игра во регионот каде се води војна, туку во Европа. Прашањето …

Continue Reading

(Видео) Болидот на Астон Мартин преставува ризик по здравјето на возачите

  Шефот на Астон Мартин, Адриан Њуи, презентираше загрижувачки информации пред трката за Големата награда на Австралија, која овој викенд ќе го отвори овогодинешниот шампионат во Формула 1. Њуи откри дека возачите на тимот, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, ризикуваат трајно оштетување на нервите во рацете поради силните вибрации во автомобилот. Тимот од Силверстоун имаше проблеми со новиот автомобил „AMR26“, …

Continue Reading

(Видео) Тепачка меѓу кошаркарки во САД, настрада и една од судиите

  Во средата, на натпревар од Американската колеџ кошаркарска лига избувна масовна тепачка помеѓу Јужна Алабама и Каролина, што резултираше со исфрлање на осум кошаркарки. Во метежот, судијката исто така беше соборена на паркетот, а ѝ беше укажана медицинска помош на теренот. Инцидентот се случи на турнирот „Сан Белт“, помалку од шест минути пред крајот на четвртата четвртина. Сè започна …

Continue Reading

Витиња нема намера да се сели во Реал Мадрид

  Реал Мадрид остана без планираното засилување за летниот преоден рок. Португалецот Витиња не сака да го напушти ПСЖ. Реал навистина го сака Португалецот. Во Мадрид го гледаат како идеален играч кој ги има карактеристиките на Лука Модриќ и кој би поврзал раштимуваниот среден ред оваа сезона. Флорентино Перез бил подготвен да издвои 100 милиони евра за неговите услуги. Сепак, …

Continue Reading

Шампионот победи во Њујорк, Шарлот го декласира Бостон

  Кошаркарите на Оклахома го победија Њујорк како гости со 103:100, а во исто време Шарлот го декласираше Бостон со 118:89. Синоќа, актуелниот шампион Тандер и претендентот за тронот од источниот брег го одиграа дербито, пред преполните трибини во Медисон Сквер Гарден. Оклахома, на крилата на Чет Холмгрен и Шеј Гилџис-Александер, ја продолжи својата победничка серија и ја зацврсти водечката …

Continue Reading

(Видео) Њукасл со играч помалку го победи Манчестер Јунајтед

  Њукасл ја прекина победничката серија на Манчестер Јунајтед во 29-то коло од Премиер лигата. На Сент Џејмс Парк, по спектакуларен финиш, домаќините славеа победа 2:1. Ова беше осми натпревар на „Црвените ѓаволи“, во Премиер лигата, откако Мајкл Карик го презеде тренерскиот штаб, а по шест победи и едно реми, ова е првиот пораз што 44-годишникот го претрпе како менаџер …

Continue Reading

(Видео) Реал Сосиедад се пласира во финалето на Купот

  Фудбалерите на Реал Сосиедад го победија Атлетик Билбао и се пласираа во финалето на Купот на Кралот. Откако Сосиедад го доби првиот натпревар со 1:0 во Билбао, со истиот резултат победија и во реваншот во Сан Себастијан. Со вкупен резултат од 2:0, сино-белите ги победија црвено-белите и се пласираа во финалето каде што ќе играат против Атлетико Мадрид. Реал …

Continue Reading

(Видео) Арсенал победи во Брајтон, Сити киксна против „Шумарите“, Жоао Педро ја растури Астон Вила

  Арсенал победи во Брајтон, а Манчестер Сити не успеа да слави против Нотингем Форест, во 29-то коло, во кое гостински победи забележаа Челзи и Вест Хем. „Топџиите“, во Брајтон, поведоа во деветтата минута, кога Сака влезе во средината и шутираше кон голот, а Фербруген лошо интервенираше, бидејќи топката му помина низ нозете наместо да забележи рутинска интервенција. Претходно, Брајтон …

Continue Reading