(Видео) Дончиќ со 51 поен ги растури Чикаго Булс
Лука Дончиќ одигра брилијантен натпревар против Чикаго Булс, а неговите Лос Анџелес Лејкерс победија со 142:130. Словенецот постигна 51 кош, што е негов рекорд во дресот на Лејкерс, додаде 10 скока и девет асистенции и беше на чекор од трипл-дабл. Дончиќ го напушти натпреварот 1:41 пред крајот, а во тој момент во арената во Лос Анџелес, навивачите извикуваа „МВП, МВП“. …
Continue Reading
Алкараз го победи Нори, Медведев го елиминира бранителот на титулата
Данил Медведев одлично го искористи заморот на Џек Дрејпер по победата против Новак Ѓоковиќ, а Карлос Алкараз го оствари посакуваниот реванш против Камерон Нори на мастерсот во Индијан Велс. Четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс заврши со триумфи на играчи кои се во победнички низи. Алкараз е непоразен оваа година, тој ја забележа својата 16-та победа против Британецот од почетокот …
Continue Reading
(Видео) Сан Антонио без Вембањама немоќен против Јокиќ и Денвер
Никола Јокиќ имаше уште една блескава партија, го предводеше Денвер, со трипл-дабл. до победата во Сан Антонио со 136:131. Денвер Нагетс славеа откако во еден момент имаа и двоцифрен минус. Јокиќ натпреварот го заврши со 31 поени, 20 скокови и 12 асистенции. Интересно е што трикратниот МВП не постигна ниту еден кош во последната четвртина, во овој период го држеше …
Continue Reading
(Видео) Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд. Најдобриот скокач со стап на сите времиња повторно ги помести границите на спортот. Швеѓанецот скокна неверојатни 6,31 метри на митингот од „сребрената лига“ што се одржа во Упсала. Интересно овој митинг го носи неговото име, „Мондо Класик“. Дуплантис, 15-ти пат во кариерата го сруши светскиот рекорд. MAIS UM 🌍WR Armand Duplantis …
Continue Reading
Го исклучив Роналдо, потоа никогаш не бев делегиран да му судам на Реал
Поранешен судија објави една од најконтроверзните книги за шпанскиот фудбал, зборува за судиската комисија како „Франкистичка институција“ и со какви последици се соочил кога го исклучил Кристијано Роналдо. Хавиер Естрада Фернандез, судијата кој со години делеше правда на терените во Примера, реши да го запали фитилот со својата книга „El partido que no ves“ (Натпревар што не го гледаш). Тој …
Continue Reading
(Видео) Вила победи во Лил, без победник во италијанското дерби, Порто славеше во Штутгарт
Во Лил, Астон Вила потврди дека е најсериозен кандидат за освојување на Лига Европа на УЕФА, бидејќи победи со 1:0 (0:0) со подобра игра во продолжението и доби предност во првиот натпревар од осминафиналето пред реваншот за седум дена во Бирмингем. Лил изгледаше добро до примениот гол, а потоа се „распадна“ и имаше среќа што не доживеа поубедлив пораз. Бруно …
Continue Reading
(Видео) Прво забивање во историјата на француската женска репрезентација
Женската кошаркарска репрезентација на Франција ги победи Филипините со 115:66 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот, поради само еден потег, ќе остане запишан во историјата на женската кошарка во Франција. Имено, една од репрезентативките на оваа селекција, Доминик Малонга (21), еден од контранападите го заврши со забивање и со тоа стана првиот играч на француската репрезентација, и сегашната и …
Continue Reading
Возачите во Ф1 предупредуваат на опасност: „Голем судир е само прашање на време“
Неколку возачи во Формула 1 предупредија дека може да дојде до масовни судири на стартот на трките доколку не се изменат новите правила за моторите. Возачот на Racing Bulls, Лијам Лосон, изјави дека за малку избегнал судир во Австралија, кога неговиот болид бавно тргнал од стартната линија, а зад него со голема брзина се приближувал болид на Alpine управуван од …
Continue Reading
(Видео) Денвер го декласира Хјустон, Јокиќ (повторно) со трипл-дабл
Денвер Нагетс, во дерби мечот, во НБА лигата, одигра во текот на ноќта, го декласираа Хјустон со 129:93. Денвер му го нанесоа на Хјустон најтешкиот пораз во сезоната и воедно ја прекинаа лошата серија од четири порази на последните пет натпревари. Клучен период за победата на Нагетс беше третата четвртина, откако Нагетс го завршија првото полувреме со серија 11:2. Третата …
Continue Reading