(Видео) Баерн на одбрани титулата во Бундеслигата
Фудбалерите на Баерн го победија Штутгарт со 4:2 и станаа национални шампиони по 35-ти пат. Тимот на Винсент Компани четири кола пред крајот е недостижен за ривалите, имаат 15 поени повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд. До рајот на сезоната Баварците ќе се борат за уште два трофеи, во Купот на Германија и во Лигата на шампионите. Во недела, пред преполната …
Continue Reading
(Видео) Сити се врати во шампионската трка – Арсенал падна на „Етихад“
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Арсенал со резултат од 2:1 во натпревар кој може многу да влијае на шампионската трка во Англија. Атомски фудбал на „Етихад“, одлични шанси, стативи, жестоки дуели, една ужасна грешка на Донарума и еден магичен потег на Шерки. Сити со оваа победа дефинитивно се врати во трката за шампионската титула. На врвот Арсенал има натпревар …
Continue Reading
Гнабри ја заврши сезоната, ќе го пропушти и СП
Фудбалерите на Баерн Минхен, вечерва, имаат шанса да ја освојат 35-та титула шампион на Германија, а за тоа им е потребен барем нерешен резултат во дербито против Штутгарт. Идиличниот крај на викендот го расипа веста за повредата на Серж Гнабри, за кого, како што стојат работите, заврши сезоната. Сè се случи во сабота попладне на тренингот пред натпреварот против Штутгарт, …
Continue Reading
(Видео) Ван Дајк во 100-та минута го реши Мерсисајд дербито
Фудбалерите на Ливерпул го победија Евертон со 2:1 (1:0) во 248-то Мерсисајд дерби, првото што се играше на новиот стадион „Хил Дикинсон“. Мохамед Салах со гол го обележа последното градско дерби во кариерата, а Вирџил ван Дајк им донесе триумф на гостите со драматичен гол во 100-та минута од натпреварот. Во првото полувреме се гледаше израмнета борба, а Илиман Ндијаје …
Continue Reading
Дарио Ивановски втор на маратонот во Белград
Дарио Ивановски оствари брилијантен резултат на маратонот во Белград. Во жестока конкуренција, Ивановски го освои второто место. Гидета Гаса Гемсиса, од Етиопија победи со нов рекорд на патеката – 02:09:11, Ивановски зад победниот задоцни за 34 секунди. Иако долго време беше лидер, Јохана Ерот од Кенија заврши трет со 02:09:55. Во главната трка учествуваа 2.350 натпреварувачи, а вкупно 14.500 од …
Continue Reading
Трагедија на тренинг, возач загина додека Ферстапен се подготвуваше да излезе на патеката
Светот на автомобилизмот го потресе веста за страшната несреќа на легендарната патека Нирбургринг, во која животот го загуби искусниот шведски ас Јуха Миетинен (67). За време на официјалниот тренинг за претстојната трка на издржливост, се случи верижен судир на неколку супер автомобили што заврши фатално за шведскиот возач, додека шест други учесници завршија во болница. ¡Lamentable noticia desde Alemania! 😔 …
Continue Reading
Јокиќ и Мареј ја решија Минесота – Денвер води со 1:0 во среијата до четири победи
Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од воведното коло од плејофот за шампионската титула во НБА. Нагетс предводени од Никола Јокиќ и Џамал Мареј славеа со 116:105 (23:33, 39:29, 29:17, 25:26). Минесота многу подобро влезе во натпревар, во првото полувреме успеаја некако да го запрати Јокиќ и да го решат првиот период со 10 поени разлика. Денвер …
Continue Reading
Алварез од херој до трагичар – Сосиедад на пенали го освои Кралскиот Куп
Фудбалерите на реал Сосиедад се освојувачи на Купот на Кралот во сезоната 2025/26. На „Ла Картуха“ во Севилја, тие го победија Алтико Мадрид по изведувањето пенали со 4:3, во регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши 2:2. Реал Сосиедад четврти пат во клупската историја го освои Купот на Кралот, додека Атлетико ќе почека на 11-от трофеј, последниот го освоија пред 13 …
Continue Reading
(Видео) Челзи тоне и Јунајтед победи на „Стенфорд Бриџ“
Во последниот меч од саботната програма, во рамките на 33-то коло на англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Челзи во Лондон со 1:0 (1:0). Во натпревар со многу тактичко надмудрување, помеѓу двајцата менаџери, не видовме многу возбуда ниту шанси, се до 43-та минута кога мрежата на Челзи ја тресеше, Куња. Челзи реши да оди на „сè или ништо“ во …
Continue Reading