Сан Антонио го елиминира Портланд, Њујорк води, Филаделфија победи во Бостон
Сан Антонио, по Оклахома, е вториот тим што избори место во втората рунда од плејофот во НБА лигата. Спарс се пласираа во полуфиналето на Западот откако го добија петтиот натпревар од серијата против Портланд со 114:95. Сан Антонио веќе имаше плус 20 на полувремето – 65:45 и до крајот едноставно рутински ја завршија работата. Фокс имаше 21 поен, Шампањ 19, …
Continue Reading
Маркињос: Уживавме, мислам дека уживаа и сите фудбалски фанови
Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, зборуваше за задоволството што го почувствуваа играчите за време на победата над Баерн (5:4), во првата средба од полуфиналето на Лигата на шампионите. „Мислам дека сите љубители на фудбалот уживаа гледајќи го овој натпревар. За нас на теренот беше вистинско задоволство да играме ваков натпревар. Ова се натпревари за кои сонуваш цела година, уште …
Continue Reading
Шок во Мадрид – Сабаленка испадна од Баптист
Американката Хејли Баптис, 32-ра на ВТА листата го режираше најголемото изнеандување на Мастерсот во Мадрид. Во четвртфиналето таа ја победи најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, по повеќе од два и пол часа е 2:6, 6:2, 7:6 (6). Натпреварот започна како што многумина очекуваа, 27-годишната Белорусинка лесно го доби првиот сет. На ист начин во вториот сет возврати нејзината три …
Continue Reading
Апсолутен спектакл во Париз: ПСЖ-Баерн 5:4
ПСЖ и Баерн Минхен, го одиграа најспектакуларното полуфинале во историјата на Лигата на шампионите. Актуелниот шампион ги победи Баварците со 5:4 (3:2). Баерн и покра поразот задоволен се враќа во Минхен, бидејќи во 58-та минута, ПСЖ имаше водство 5:2. Атомски фудбал на „Паркот на Принцовите“ одиграа бранителот на титулата и шесткратниот европски првак. Натпреварот имаше нестварен интензитет, невозможно е да …
Continue Reading
Дебакл на Вардар 1961 во Монпелје
Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа тежок пораз во Монпелје 33:23, во четвртфиналето, во Лига Европа. Без двајцата најдобри играчи Јака Малус и Дмитро Хориха, црвено-црните, издржаа едно полувреме, во второто целосно потонаа. Првото полувреме заврши со предност од два гола за фрнацускиот тим, во второто тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ се обиде во нападот да игра „7 на 6“, …
Continue Reading
Бург ја освои титулата во Еврокупот
Кошаркарите на Бург ја освоија титулата во Еврокупот. Францускиот тим во два натпревари го доби Бешикташ. Минатата недела победија во Истанбул со 72:60, а пред своите навивачи, вечерва, во неверојатна завршница, славеа со 73:71. Бург со триумфот во Еврокупот обезбеди пласман во Евролигата, но прашање е дали клубот ќе реши да игра во елитата. Проблем моѓат да бидат финансииите. Натпреварот …
Continue Reading
Мурињо се враќа во Мадрид?
Жозе Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид. Како што објави Давид Орнштајн од „Атлетик“, Португалецот чека покана од Шпанија за враќање на клупата на „Кралскиот клуб“. Мурињо, има договор со Бенфика и за следната сезона, но во него има клаузула дека може да го раскине доколку некој клуб плати отштета од три милиони евра. Претседателот на Реал, …
Continue Reading
Наместо на СП, Милитао оди на операција
Едер Милитао (28), дефанзивецот на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, нема да игра на Светското првенство, кое започнува за 50 дена. Наместо да оди на Светското првенство во САД, Милитао оди во Финска на операција поради тешка повреда на мускулното ткиво. Тој ќе се врати на теренот за шест месеци, во октомври. Милитао има големи проблеми со повредите во последните …
Continue Reading
Јамал го пропушта почетокот на Светското првенство
Најголемата ѕвезда на шпанската репрезентација, Ламин Јамал, би можел да го пропушти почетокот на Светското првенство поради повреда. Иако првите прогнози беа оптимистички, од Каталонија доаѓаат загрижувачки вести, кои укажуваат дека рехабилитацијата ќе трае подолго од рпедвиденото. Јамал се повреди за време на натпреварот од првенството против Селта. Проблемот се случи откако тој изведе пенал – веднаш по ударот се …
Continue Reading