Мурињо се враќа во Мадрид?


depositphotos_237830618_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жозе Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид.


Како што објави Давид Орнштајн од „Атлетик“, Португалецот чека покана од Шпанија за враќање на клупата на „Кралскиот клуб“.

Мурињо, има договор со Бенфика и за следната сезона, но во него има клаузула дека може да го раскине доколку некој клуб плати отштета од три милиони евра.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, според овој извор, ги зел работите во свои раце кога станува збор за наоѓање нов тренер и негов пик еМурињо.

Иако постои интерес за неговите услуги низ цела Европа, Мурињо во моментов е фокусиран исклучиво на Реал Мадрид. Сите карти сега се на маса, а конечната одлука за новата соработка зависи исклучиво од проценката на претседателот на Реал.

Деновиве во медиумите се појави информација дека Германецот Јирген Клоп и Французинот Дидие Дешан се „откажале“ од Реал, а како опции се споменуваа и Аргентинецот Лионел Скалони и тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK