Тибо Куртоа ќе отсуствува во наредните шест недели
Тибо Куртоа нема да може да им помогне на своите соиграчи во Реал Мадрид, во четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Белгиецот ќе мора да паузира во следните шест недели поради повреда на квадрицепсот, објавува шпанскиот „Копе“. Тибо Куртоа се повреди во вторникот, против Манчестер Сити. Бранеше во првото полувреме, не остана во соблекувалната во паузата меѓу …
Continue Reading
Карик му порача на Тухел дека тројца негови играчи треба да бидат во националниот тим
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик (44), јавно го повика селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел (52), да ги вклучи Хари Мегваер (33), Лук Шо (30) и Коби Мејну (20) во својот следен список. Германскиот стручњак, кој го наследи Гарет Саутгејт, сè уште не повикал ниту еден играч од „Олд Трафорд“ откако ја презеде функцијата на почетокот на минатата година. …
Continue Reading
Најефикасните натпревари во историјата на Лигата на шампионите
Спектакуларната победа на Барселона над Њукасл (7:2) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, ги поттикна статистичарите вработени во УЕФА да ги разгледаат, во однос на постигнатите голови, најефикасните натпревари. Досега најмногу пати (12) мрежите се треселе на 22 ноември 2016 година, кога Борусија Дортмунд, пред својата публика, ја понижи Легија Варшава со 8:4. Дури седум гола во дуелот …
Continue Reading
Левандовски постави уникатен рекорд во Лигата на шампионите
Роберт Левандовски (37) сруши уште еден рекорд во Лигата на шампионите. Со два гола во убедливата победа на Барселона од 7:2 над Њукасл во реваншот од осминафиналето, полскиот напаѓач го престигна Лионел Меси на листата на играчи кои постигнале најмногу голови против различни тимови во историјата на натпреварувањето. Њукасл стана 41-от клуб против кој Левандовски бил стрелец. Со двата гола …
Continue Reading
Хорор на Галатасарај на „Енфилд“ – Ланг остана без дел од палецот, Осимен скрши рака
Реваншот на „Енфилд“, против Ливерпул, беше вистински кошмар за Галатасарај. Покрајт тоа што турскиот шампион доживеа дебакл, пораз од 4:0 и елиминација од Лигата на шампионите, сотана и без двајца фудбалери. Најдобриот играч на Галатасарај, Виктор Осимен, ја скрши раката, а Ноа Ланг остана без дел од палецот на десната рака. Ланг, кој поради повредата, на теренот доби кислородна поддрша …
Continue Reading
Баркола го пропушта четвртфиналето од Лигата на шампионите
Бредли Баркола блескаше во осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите против Челзи, постигна по еден гол во натпревари за ПСЖ. Актуелните европски шампиони со вкупен резултат 8:2 се пласираа во четвртфиналето. По реваншот во Лондон, во вторникот вечерта, лоши вести доби тренерот Луис Енрике. Баркола нема да игра во четвртфиналето против Ливерпул. Поради повреда тој ќе отсуствува неколку недели. Барокла …
Continue Reading
Баерн на Реал, Ливерпул против европскиот првак
Познати се сите парови од четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Првите четвртфинални натпревари се закажани за 7 и 8 април, реваншите на 14 и 15 април. Спектакуларни дуели нè очекуваат во завршницата на Лигата на шампионите. Вистински европски класик е дуелот помеѓу Баерн и Реал Мадрид, двата клуба кои се сретнале најмногу пати во Лигата/Купот на шампионите. Баварците …
Continue Reading
(Видео) Седма победа во низа – Лејкерси го победија Хјустон
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија одличната серија и ја забележаа седмата последователна победа, откако ги победија Хјустон Рокетс со 124:116. Ова е десетта победа за Лејкерс во последните 11 натпревари, а интересно е што го победија истиот тим два дена претходно со 100:92. Лука Дончиќ се истакна со 40 поени, 10 асистенции и девет скока. Поддршка доби од …
Continue Reading
(Видео) Денвер загуби од Мемфис, Јокиќ „продаде“ 10 топки
Кошаркарите на Денвер беа поразени од Мемфис со 125:118 во НБА лигата. Нагетс го забележаа 29-от пораз во сезоната и уште еднаш покажаа дека немаат капацитет да се вмешаат во борбата за трофејот оваа сезона. Мемфис од друга страна ја прекина серијата од осум порази, тие се 11-ти на Западот со мали шанси да изборат место во плејофот. На Денвер …
Continue Reading