(Видео) Историски меч на Кари, трип-дабл на Харден, Таунс и Шемет го изрешетаа Мајами
Ветераните Стеф Кари од Голден стејт Вориорс и Џејмс Харден од ЛА Клиперс, ги обележаа синоќешните натпревари во НБА купот. Голден Стејт Вориорс ги победија Сан Антонио Спарс со 109:108 во натпреварот од НБА Купот. Тој постигна 49 поени со 4 скока и 2 асистенции, а шутираше 16/26 од поле, односно 9/17 за три поени и 8/8 од линијата за …
Continue Reading
(Видео) Хрватска го завери пласманот на СП
Хрватската фудбалска репрезентација ги победи Фарските Острови со 3:1 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство и го потврди првото место во групата Л. Хрватите се третата европска репрезентација која обезбеди пласман на завршниот турнир во Канада, САД и Мексико, по Англија и Франција. Натпреварот од деветтото коло од европските квалификации одигран во Риека заврши со резултат 3:1 (1:1). …
Continue Reading
Клементе за Јамал: Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае долго
Поранешниот селектор на Шпанија, Хавиер Клементе, го критикуваше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Ламин Јамал. На искусниот стручњак не му се допаѓа однесувањето на 18-годишникот надвор од теренот и се плаши дека неговата кариера нема да трае долго поради тоа. „Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што не знае како да се однесува надвор од теренот. …
Continue Reading
Флорентино Перез се повлекува од Реал
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат. Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез. Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на …
Continue Reading
(Видео) Меси и Лаутаро за рутинска победа на Аргентина во Ангола
Аргентинската фудбалска репрезентација ја победи Ангола со 2:0, како гостин, во пријателски натпревар одигран на стадионот „11 Ноември“ во Луанда. Централна фигура на натпреварот беше Лео Меси, кој беше пречекан од домашните навивачи како божество или барем како национален херој. Меси се најде во почетниот состав диктиран од неговиот имењак Скалони, како и повеќето од најдобрите играчи на Аргентина, па …
Continue Reading
Мбапе и Камавинга го напуштија кампот на репрезентацијата
Француските фудбалери обезбедија пласман на Светското првенство едно коло пред крајот на квалификациите, откако остварија убедлив триумф од 4:0 над Украина. Килијан Мбапе беше еден од најзаслужните за пласманот на „триколорите“ на Светското првенство, но во меѓувреме се здоби со лесна повреда. Станува збор за воспаление на зглобот, а со оглед на тоа што визата за САД, Канада и Мексико …
Continue Reading
Гатузо им се налути на навивачите
Селекторот на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, остро одговори на критиките, бидејќи неговиот тим го скрши отпорот на Молдавија (0:2) во квалификациите за Светското првенство во финиошт с голови во 88-та и 93-та минута. Додека резултатот сè уште беше 0:0 кон крајот на натпреварот, мала група италијански навивачи почна да протестира, скандирајќи им на играчите „да одат на работа“. Гатузо не …
Continue Reading
Роналдо ќе биде суспендиран за првите два натпревари на Светското првенство?
Кристијно Роналдо го доби првиот црвен картон во неговата репрезентативна кариера од 226 натпревари. Тој беше исклучен за време на квалификацискиот пораз за Светското првенство 2026 против Република Ирска (2:0). Во 60-тата минута, тој ја удри Дарен О’Ши со лакт од фрустрација. Доби жолт картон, а откако судијата ја прегледа снимката, ја смени одлуката и го исклучи Португалецот. Во моментот …
Continue Reading
29 селекции досега обезбедија место на Мундијалот
Бројот на учесници на Светското првенство во 2026 година полека се зголемува. Од 48-те репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство следното лето, досега се познати 29. Засега само две се од Европа, Франција и Англија. Вечерва, речиси сигурно ќе им се придружи и хрватската репрезентација, која математички со бод против Фраските острови ќе обебзеди пласман. Засега, најмногу познати учесници …
Continue Reading