Мојзес Рајт ќе добие македонско државјанство
Американскиот центар Мојзес Рајт е на чекор до трансфер во Барселона, но во исто време би можел да ја промени и репрезентацијата. Како што објави „Basketnews“, поранешниот центар на Жалгирис е во завршни преговори со Кошаркарската федерација на Македонија во врска со добивање државјанство, што би му овозможило да добие европски пасош и во исто време да стане натурализиран Македонец. …
Continue Reading
(Видео) Шоу на Дембеле во победата на Франција – Сенегал пукна петарда против Ирак
Комплетираное третото коло во Групата И на СП, најголем победник би можел да биде Сенегал. Франција ја победи Норвешка благодарение на хет-трикот на Дембеле и го освои првото место во групата, додека Сенегал убедливо го победи Ирак и во последен момент се најде во ситуација да обезбеди нокаут фаза преку табелата на третопласираните екипи. Дербито на групата помеѓу Франција и …
Continue Reading
(Видео) Александар Усик се откажа од сите шампионски појаси
Еден од најдобрите боксери на денешнината, Олександар Усик, објави дека се откажува од сите шампионски појаси во тешка категорија. Зошто? За да им овозможи на другите борци да се борат за титули. Непоразениот 39-годишен Украинец беше сопственик на појасите во верзиите на WBC, WBA, IBF, IBO и списанието The Ring, а одлуката ја објави преку видео порака на социјалните мрежи. …
Continue Reading
Ланската финалистка противничка на Ѓорческа во првото коло на Вимблдон
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, во првото коло на Вомблдон ќе игра против финалистката од минатата година, Аманда Анисимова. Ѓорческа, успешно ги миба трите квалификациски рунди и оствари историски успех, стана првата македонска тенисерка што ќе настапи во главната рунда на Гренд слем турнир. Немаше среќа со ждрепката, бидејќи на патот кон втората рунда ќе и стои шестата фавортика на …
Continue Reading
Вардар ги доби ривалите во ЛШ
Ракомеатерите на македонскиот шампион Вардар 1961 го дознаа противниците во Лигата на шампионите. Вардар 1961 се врати во елитното натпреварување откако доби специјална покана од ЕХФ. Противници на црвено-црните ќе бидат Нант, Мелсунген и Висла Плоцк. Распоред на натпреварите на Вардар: 9/10 септември 2026: Мелсунген – Вардар 16/17 септември 2026: Вардар – Нант 7/8 октомври 2026: Вардар – Висла Плоцк …
Continue Reading
„Sport Life“ донираше средства за поддршка на деца со развојни потешкотии
Како дел од своите општествено одговорни активности, „Sport Life“ обложувалниците донираа средства за поддршка на две организации кои работат со деца со развојни потешкотии – Здружението „Отворете ги прозорците“ и SLP.BOJAN – Центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација. Донациите се наменети за набавка на асистивна технологија, рехабилитациски помагала и дидактички материјали кои ќе придонесат за поквалитетна поддршка на децата …
Continue Reading
Димитар Лабудовиќ: Со Лина дојдовме без еуфорија, така и ќе продолжиме
Од Вимблдон за „Макфакс“ Ненад Живановски – Столиќ Човекот од сенка, кој е, после Лина Ѓорческа, најзаслужен за овој успех на македонскиот тенис и севкупниот македонски спорт, е нејзиниот тренер Димитар Лабудовиќ. Смирен, тивок, без да манифестира било каква емоција, седнат во аголот покрај терените во Раухемптон, сите три дена додека Лина играше, за некој кој не го познава би …
Continue Reading
Арсенал го откупи договорот на Инкапије
Еквадорскиот фудбалер Пјеро Инкапие потпиша повеќегодишен договор со Арсенал, објави англискиот шампион. Во соопштението се наведува дека Арсенал ја активирал опцијата за откуп на договорот на еквадорскиот играч од Баер Леверкузен, кој ќе стапи на сила на 1 јули. Инкапије (24) играше како позајмен играч во Арсенал минатата сезона. Деталите од договорот не беа објавени, но британските медиуми шишуваат дека …
Continue Reading
Ова се досега потврдените парови за 1/16 финалето на Светското првенство
Шест групи од Светското првенство досега го добија епилогот, што значи дека се познати четири двојки за 1/16 финалето. Првиот натпревар ќе биде одигран на 28 јуни, од 21:00 часот, кога Јужна Африка и Канада ќе се сретнат во Инглвуд. Ден подоцна, Холандија и Мароко ќе ги одмерат силите во Монтереј, додека Бразил и Јапонија ќе играат во Хјустон. Исто …
Continue Reading