Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини, излегува од притвор со гаранција од над 1,15 милиони евра
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода откако Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција во износ од над 1,15 милиони евра. Како што соопшти Судот, гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено му е определена мерка на претпазливост – одземање на патната исправа, со цел да …
Continue Reading
Дали имало местење на Светското првенство? Под сомнеж се седум ситуации, во игра милијарди долари
Светското првенство штотуку го доби својот шампион, а фудбалскиот свет веќе го тресе голем скандал. Меѓународното советодавно тело „Group of Copenhagen“, специјализирано за откривање и спречување местење натпревари, објави извештај во кој наведува дека дури седум ситуации од штотуку завршениот Мундијал биле означени како сомнителни и поврзани со нерегуларности на обложувалниците. Како што пренесува The Athletic, сомнителните обрасци на обложување …
Continue Reading
Надал му оддаде големо признание на Ѓоковиќ: Никогаш не сум видел подобар од него
Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал останува едно од најголемите во историјата на тенисот. Двајцата одиграа рекордни 60 меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер има 31 победа, наспроти 29 на Шпанецот. Надал изјави дека против Роџер Федерер имал јасен тактички план, но дека против Ѓоковиќ не можел да пронајде очигледна слабост. „Против Новак немам такво чувство“, призна Надал. Тој објасни …
Continue Reading
Скандал со учесник на Мундијалот: Возел двојно побрзо од дозволеното, тестот покажал кокаин
Младиот австралиски репрезентативец Кристијан Волпато се најде во центарот на голем скандал во Сиднеј, откако наводно бил позитивен на кокаин при рутинска сообраќајна контрола, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, 22-годишниот фудбалер бил запрен во своето купе „БМВ“ околу еден часот по полноќ на познатиот мост Анзак. Причина за запирањето било пречекорување на дозволената брзина – Волпато возел 109 километри на …
Continue Reading
Модриќ не заминува во пензија – потпиша нов договор со Милан
Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Лука Модриќ, потпиша нов едногодишен договор со Милан, соопшти италијанскиот клуб. Со новиот договор, Модриќ ќе остане на „Сан Сиро“ до летото следната година. Еден од најдобрите играчи за врска на 21. век во Милан пристигна минатото лето како слободен играч, откако ја заврши својата долга и успешна кариера во Реал Мадрид. Неговиот договор истече на крајот …
Continue Reading
Светскиот шампион ја подари златната медала на својот дедо: „Ова е гордост“
Откако со шпанската репрезентација ја освои титулата светски првак со победата над Аргентина (1:0), фудбалерот Педро Поро (26) имаше уште една важна мисија – да му го предаде златниот медал од стадионот „МетЛајф“ на својот дедо Антонио Сауседа. Поро го нарекува својот дедо „главниот виновник за сето ова“, бидејќи токму тој го носел на секој тренинг. Со оглед на тоа …
Continue Reading
Милер: Добив жолт картон на Светско првенство само затоа што Меси беше до мене
Томас Милер повторно предизвика дебата за тоа дали присуството на Лионел Меси влијае на судиските одлуки. Германскиот фудбалер се потсети на ситуација со аргентинскиот капитен од која, според него, произлегува дека судиите го фаворизираат Меси. Неговата изјава се прошири на социјалните мрежи во видео и беше поврзана со контроверзиите од Светското првенство во 2026 година, пишува Goal.com. 🚨🗣 Thomas Müller …
Continue Reading
Македонија на петтото место на младинското ЕП во билијард
Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. …
Continue Reading
ФИФА: Немаше наместени натпревари на Светското првенство во 2026 година
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека немаше наместени натпревари за време на Светското првенство во 2026 година, објави „SBC News“. Експертите на ФИФА изјавија дека не утврдиле постоење на наместени натпревари на Светското првенство. Претставници на организацијата ја следеа состојбата на пазарите за обложување во реално време, како и настаните на терен. Формирана е посебна работна група за контрола на …
Continue Reading