Гросо бара милионска оштета од Лион

Поранешниот тренер на Лион, Фабио Гросо (46), кој доби отказ по само два и пол месеци (во седум натпревари забележа победа, две нерешени и четири порази), реши да го тужи клубот. Италијанецот бара обештетување во износ од два милиони евра. Гросо го тужи клубот за кој како играч е врзан со убави спомени (2007-2009 година), но како тренер доживеа вистински …

Continue Reading

Македонија договори контролен натпревар со Хрватска

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра контролен натпревар против Хрватска на 3 јуни наредната година во Ријека. „Им благодарам на колегата претседател Муамед Сејдини и на моите пријатели од Фудбалскиот сојуз на Македонија за пријатната комуникација и постигнатиот договор околу одигрувањето на овој пријателски натпревар, кој одлично се вклопува во плановите на нашата репрезентација во пресрет на Европското првенство. Македонија …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Арсенал заинтересиран за фудбалер на Баерн

Фудбалскиот клуб Арсенал планира да го ангажира играчот на Баерн, Матијс де Лигт на крајот од сезоната. Британските медиуми пренесуваат дека челниците на Арсенал се обидуваат да го убедат холандскиот фудбалер да ја прифати понудата кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета неодамна изјави дека на неговиот тим му требаат засилувања во зимскиот преоден рок, …

Continue Reading

Уапсен првиот човек на КК Морнар од Бар

Ѓорѓије Павиќевиќ (лево) Првиот човек на кошаркарскиот клуб Морнар од Бар, Ѓорѓије Павиќевиќ е уапсен под сомнение дека се занимава со шверц на цигари. Тој е уапсен по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, пренесува „Вијести“ од Подгорица. Освен Павиќевиќ, уапсени се и двајца службеници на Управата за приходи и царина, како и поранешен вработен во фирмата на …

Continue Reading

Стартува Новогодишната турнеја, Гранеруд го брани „Златниот орел“

Денес стартува едно од најпрестижните натпреварувања во светот на спортот, Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Турнејата има четири станици: Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен. Четири од најпознатите ски скокалници во светот ги делат нешто повеќе од 400 километри, а натпреварувањето на нив се одвива во текот на 10 дена. Традиционално, турнејата се отвора во Оберстдорф на 28 декември, кога се закажани …

Continue Reading

Лекип: Ѓоковиќ и Бајлс најдобри во светот во 2023 година

Новак Ѓоковиќ и Симон Бајлс се најдобри спортисти во 2023 година во изборот на престижниот француски дневен весник „Лекип“. Во изминатата година, Ѓоковиќ играше во финалето на сите четири Грен слем турнири и освои три – Австралија опен, Ролан Гарос и Ју-ес опен. Со тоа стана тенисер со најмногу грен слем титули во историјата – 24. Покрај тоа, тој ги …

Continue Reading

(Видео) Дончиќ броеше до 39, Далас загуби од Кливленд

Лука Дончиќ 14 пат на последните 15 натпревари постигна 30+ поени, но овој пат не успеа да му помогне на Далас да победи. Маверикс на домашен терен испуштија предност од 20 поени и на крајот загубија од Кливленд со 110:113. Словенецот натпреварот го заврши со 39 поени, 29 постигна во првото полувреме. Кавалирс во последната четвртина се вратија во натпреварот, …

Continue Reading

ИФФХС: Халанд најдобар фудбалер во светот во 2023 година

Напаѓачот на Манчестер сити и на норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар фудбалер во светот од страна на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Според резултатите од гласањето, Халанд доби 208 поени. Второто место му припадна на асот на ПСЖ и француската репрезентација, Килијан Мбапе (105 поени), додека трет е славниот Аргентинец Лионел Меси (85), кој …

Continue Reading

(Видео) Манчестер сити победи на „Гудисон парк“

Foto/ EPA Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Евертон на „Гудисон парк“ во Ливепул, со 3:1 во 19. коло од Премиер лигата. За актуелните шампиони ова беше втора победа во Премиер лигата на последните седум натпревари,на на ривалите им испратија порака дека влегуваат во својата препознатлива победничка серија, која во претходните сезони започна токму околу празниците. Вечерва шампионот баш и …

Continue Reading