Новак Ѓоковиќ направи промени во тимот

Тенисерот Новак Ѓоковиќ во недела ќе настапи на Ози опен, а ривал му е 18-годишниот Хрват Дино Прижмиќ. На стартот од новата сезона тој направи промени во тимот, па Чарли Гомес Ерер повеќе нема да биде спаринг партнер, туку ќе му помага на тренерот Горан Иванишевиќ. – Чарли е во улога на менаџер на тимот. Тој се уште учествува како …

Continue Reading

Ал-Итихад му нуди огромна плата на Анхрл Кореа

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Шпанските медиуми тврдат дека Ал-Итихад му нуди три годишен договор вреден 60.000.000 евра. Анхел Кореа ја загуби довербата од тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, поради што размислува да ја прифати понудата. Инаку, тој и во летниот преоден рок имаше понуда од Ал-Шабаб, но тогаш Атлетико не …

Continue Reading

Мело им се налути на Денвер: Намерно бројот 15 му го дадоа на Јокиќ

Поранешната НБА ѕвезда Кармело Ентони ги критикуваше Денвер Нагетс затоа што му дозволија на Никола Јокиќ да го носи бројот 15. Ентони е еден од најдобрите играчи во историјата на Нагетс, но со своите импресивни резултати, со две МВП награди и историска титула во НБА, Јокиќ веќе си обезбеди место во историјата на франшизата, односно јасно е дека откако ќе …

Continue Reading

(Видео) Дончиќ: Не бев роден кога Тео делеше вакви асистенции

Натпреварот меѓу Армани и Црвена звезда, во 21.коло во кошаркарската Евролига, го одбележа нереална асистенција на Милош Теодосиќ. Литвански „Баскет њуз“ во својот кометар напиша дека овој потег на ветеранот Теодосиќ е во стилот на Лука Дончиќ, првата ѕвезда на Далас Маверикс. Словенецот несомено уживаше во „магијата“ на плејмејкерот на Црвена звезда, а на социјалната мрежа „X“ им одговори на …

Continue Reading

ФИФА го суспендираше Лирој Сане

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше репрезентативецот на германија, Лирој Сане за следните три меѓународни натпревари. Крилниот напаѓач доби црвен картон на пријателскиот натпревар со Австрија, кога се обиде физички да се пресмета со Филипе Мвене. Германците го загубија мечот во Виена со резултат 2:0. Сане ќе ги пропушти пријателските натпревари на репрезентацијата пред почетокот на Европското првенство во Германија. …

Continue Reading

Милик со хет-трик го однесе Јуве во полуфиналето

Фудбалерите на Јувентус изборија пласман во полуфиналето на Купот со убедливата победа над Фросиноне (4:0). Аркадиуш Милик веќе во првото полувреме го најави триумфот на „Старата дама“, на стартот од вториот дел го комплетираше хет-трикот, а младиот Кенан Јилдиз го постави конечниот резултат. Во 11. минута Милик од пенал му донесе водство на Јувентус, а тоа водство го удвои во …

Continue Reading

Норвешка ја растури Полска, Швеѓаните и Данците лесно со БиХ и Чешка

Foto/ EPA Ракометните репрезентации на Данска, Норвешка и Шведска остварија победи во првото коло на Европското првенство во Германија. Актуелните шампиони, репрезентативците на Шведска лесно ја совладаа Босна и Херцеговина со 29:20 во натпреварот од групата Е во Манхајм. Најзаслужни за триумфот беа Ване со девет гола, Сандел постигна пет, а Готфридсон четири. Кај БиХ најдобар беше Фаљиќ со четири …

Continue Reading

(Видео) Барселона ќе се бори за трофејот во Суперкупот на Шпанија

Фудбалерите на Барселона се пласираа во финалето на шпанскиот Суперкуп, со победата од 2:0 над Осасуна. Головите во Ријад ги постигнаа Роберт Левандовски во 59. минута и Ламин Џамал во третата минута од судиското надополнување на времето во вториот дел. Барселона не блескаше и на овој натпревар, но максимално ја искористи лошата форма и дефанзивната определба на Осасуна. За трофејот, …

Continue Reading

(Видео) Ѓоковиќ играше тенис во инвалидска количка и направи шоу: ги натера Сабаленка и Циципас да го туркаат, публиката се смееше

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлично се забавува пред почетокот на Австралија опен каде во првото коло ќе игра против некој квалификант. Ѓоковиќ беше во центарот на вниманието а заедно со него беа и Марија Сакари, Арина Сабаленка и Стефанос Циципас. Како и по обичај, Новак во Австралија, играше и тенис во инвалидска количка против Хит Дејвидсон, кој професионално се занимава …

Continue Reading