Почина легендарниот тренер Јанко Лукоски
Тажната вест пристигна од Нови Сад. На 78-годишна возраст почина Јанко Луковски, легендарен македонски кошаркар и познат тренер во поранешна Југославија, особено во Македонија и Србија. Луковски потекнува од кошаркарската школа на Работнички во Скопје, каде прво со голем успех играше заедно со својот брат Митко, а потоа стана одличен тренер во својот матичен клуб. Познатиот тим од скопски …
Continue Reading
Мекалум повторно има проблем со белите дробови
Њу Орлеанс Пеликанс објавија дека на Си-Џеј Мекоаум му е дијагностициран пневмоторакс. Мал пневмоторакс, присуство на воздух во десното белодробно ткиво, бил забележан во неделата наутро при прегледот. Во следните 48 часа ќе се направи дополнителен преглед за да се утврди состојбата и дали има напредок во лекувањето. Ова е втор пат Мекалум да доживее колапс на белите дробови. Поради …
Continue Reading
Тухел: Прашајте ги Матеус и Хаман што е не беше добро
Баерн во саботата ја декласира Борусија во Дортмунд со 4:0 и на вистински начин реагираше на дебаклот и сензационалната елиминација од Купот на Германија од третолигашот Сарбрикен. Со победата во дербито, Баварците им одговорија и на критичарите кои ги напаѓаа од сите страни во последните денови, а меѓу нив најгласни беа поранешните асови Лотар Матеус и Дитмар Хаман. Тренерот на …
Continue Reading
Далас го победи Шарлот, прв триумф за Мемфис, Кливленд по седум години ги победи Вориорс
Далас Маверикс продолжуваат со одлични партии на стартот од сезоната, на домашен терен го победија Шарлот Хорнетс со 124:118. Хорнетс водеа со 15 поени во првото полувреме, Лука Дончиќ не постигна кош во првата четвртина, но заврши со 23 поени, 12 скока и 9 асистенции. Го следеше Кајри Ирвинг со 18 поени и 10 асистенции, Вилијамс додаде 18 поени, додека …
Continue Reading
МВП Димитриевски и Рајо освоија бод на „Сантијаго Бернабеу“
Столе Димитиревски и Рајо Ваљекано го сопреа Реал на „Сантијаго Бернабеу“. Во претпоследниот натпревар од 11.коло во Примера, Реал и Рајо Ваљекано одиграа 0:0. Македонскиот репрезентативец Димитиревски беше прогласен за играч на натпреварот. Рајо Ваљекано на „Сантијаго Бернабеу“ стигна до клупски рекорд. Вечерашниот натпревар беше осми во низа на кој клубот од Мадрид остана непоразен што е нов клупски рекорд. …
Continue Reading
Пораз на македонските кошаркарски кадети од Романија и во машка и во женска конкуренција
Македонските кадетски кошаркарски репрезентации во машка и женска конкуренција со порази од соодветните селекции на Романија го завршија вечерва настапот на ФИБА развојниот турнир „Заедно до 16“ чиј домаќин од средата беше Скопје. Женската репрезентација во завршното коло претрпе пораз од Романија со 75-43 и настапот на ФИБА турнирот го заврши со ефект од една победа и три порази. Избраничките …
Continue Reading
Новак Ѓоковиќ во Париз го освои 40-тиот мастерс трофеј
Првиот тенисер во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ по седми пат ја освои титулата победник на АТП турнирот од серијата „Мастерс 1000“ што се игра во париската сала Берси. Тој во финалето го победи Бугаринот Григор Димитров. со 6:4, 6:3. За 36-годишниот Ѓоковиќ ова е јубилејна 40. титула на турнири од серијата „Мастерс 1000“, а 97. освоен турнир во кариерата. Од …
Continue Reading
(Видео) Шкупи го победи Вардар, Струга со пресврт славеше над Шкендија
Шкупи и Струга ТЛ со победи на домашен терен го заклучија 13.коло во Првата македонска фудбалска лига. Шкупи го победи Вардар со 2:0, а Струга ТЛ, со пресврт славеше над Шкендија 2:1. На стадионот во Чаир, лидерот на табелата Шкупи го победи „фенерџијата“ Вардар. По еден гол во полувремињата за осмиот триумф во сезоната. Воша го постигна првиот гол, по …
Continue Reading
Рубљов ги насмеа сите по поразот од Ѓоковиќ: Не, не, не! Не сакам повеќе да играм против Новак
Андреј Рубљов ги насмеа сите пред дуелот против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Париз кога рече дека ништо не научил од претходните дуели против него, а по загубениот меч во салата Берси добивме нова изјава која ќе се прераскажува. Андреј Рубљов даде се од себе за да го победи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Париз, го …
Continue Reading