(Видео) Јунајтед не знае да победи и кога има 0:2 и 1:3, епски пресврт на ПСВ во Севилја
Два фантастични натпревари го отворија претпоследното коло во Лигата на шампионите во групите А, Б, Ц и Д. На натпреварите во Истанбул и Севилја вкупно се постигнати 11 голови. Манчестр јунајтед и Севилја испуштија предност од два гола, разликата е таа што Јунајтед освои бод, а Севилја остана со празни раце. Галатасарај и Манчестер јунатед одиграа 3:3. Јунајтед, водеше 0:2 …
Continue Reading
Ливерпул три недели без Алисон, пет без Жота
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека Алисон Бекер и Диого Жота ги очекува пауза, поради повредите со кои се здобија во дербито против Манчестер сити. „Двајцата се надвор од тимот. Повредата на Алисон е поблага, нема да можеме да сметаме на него оваа и следната недела. Жота ќе мора да паузира малку подолго”, изјави Клоп. Прогнозите се дека голманот …
Continue Reading
Роналдо би можел да загуби милијарда долари поради тужба во САД
Фудбалерот Кристијано Роналдо заработува огромни пари рекламирајќи разни производи и брендови, а само еден таков ангажман би можел да го чини милијарда долари. Имено, неодамна во САД беше поднесена колективна тужба против Binance, најголемата берза за криптовалути во светот. Тужителите тврдат дека нивните клиенти инвестирале во Binance токму поради поддршката што му ја давал на овој бренд португалскиот фудбалер. Како …
Continue Reading
Македонија наредната сезона нема да има тим во Лигата на шампионите
facebook.com/hceurofarmpelister Македонија наредната сезона, како што сега стојат работите нема да има клуб во фазата по групи во ракометната Лига на шампиони. Лошите резултати на македонските клубови на европската сцена во изминатите неколку сезони, придонесоа Македонија на листата на ЕХФ да назадува пет места, од осмото на 13-тото. Дирекнто место во Лигата на шампионите обезбедуваат само клубови од земјите кои …
Continue Reading
Вардар повторно загуби, Шкендија го доби Работнички, само бод за Шкупи во Гостивар
facebook.com/FKVardarSkopje Попладнево се одигра комплетното 16.коло во Првата македонска фудбалска лига. Шкендија во дербито го победи Работнички, Шкупи ремизираше во Гостивар, а актуелниот шампион Струга ТЛ му го нанесе 10.пораз на Вардар. Минимална победа забележа Македонија ЃП против Силекс, Тиквеш во Охрид славеше бедливо во дуелот со Воска спорт, додека Брегалница во последните секунди освои бод кај АП Брера. Шкендија …
Continue Reading
Вечерва и третиот син на Зизу би можел да дебитира за Реал
Реал Мадрид, вечерва ќе го пречека Наполи во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ во минатото коло обезбеди пласман во осминафиналето, додека Наполи тоа треба да го направи во наредните две средби. Едно е јасно доколку Наполи победи ќе обезбеди нокаут фаза. Добра вест за Карло Анчелоти е што Реал не му гори под нозе, бидејќи има многу повредени играчи. Критична …
Continue Reading
УЕФА индиректно призна дека Њукасл е оштетен, го тргна од листата ВАР судијата
ПСЖ од непостоечки пенал досуден во 96., а реализиран во 98.минута, успеа да остане непоразен на домашен терен од Њукасл во Лигата на шампионите. Овој бод го приближи ПСЖ, а го оддалечи Њукасл во осминафиналето во Лигата на шампионите. „Голем прашина“ во англиската јавност веднаш по завршувањето на натпреварот. „Како е можно дека ова е пенал за ПСЖ? Смешно“, напиша …
Continue Reading
Со еден гол Халанд постави два нови рекорди
Ерлинг Халанд, постигна еден гол во победата на Манчестер сити над Лајпциг (3:2) и урна два голгетерски рекорди во Лигата на шампионите. На возраст од 23 години и четири месеци, тој стана најмладиот играч во историјата на најсилното натпреварување кој постигнал 40 гола и кој го направил тоа најбрзо досега. За овие 40 гола на Халанд му беа потребни само …
Continue Reading
Вечерва во Скандинавија започнува женскиот Мундијал
Вечерва во Скандинавија започнува Светското првенство во ракомет за жени. Домаќини на Мундијалот се Норвешка, Шведска и Данска. Светското првенство ќе биде отврено со два натпревари во Данска. Репрезентацијата на Украина, која во баражот ја елиминираше Македонија во Фредериксхавн ќе игра против Бразил, а во Ставангер ќе се сретнат Јужна Кореја и Австрија. Светското првенство ќе се игра во Хернинг, …
Continue Reading