„Билд“: Санчо не сака да се врати во Манчестер јунајтед
Џејсон Санчо (23), во зимскиот преоден рок го напушти Манчестер јунајтед и се врати во Борусија Дортмунд. „Билд“, тврди дека фудбалерот не сака да се врати во Јунајтед на крајот од актуелната сезона. Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг во септември го прозва Санчо по поразот од Арсенал, велејќи дека не тренирал добро пред натпреварот. На Санчо тоа не …
Continue Reading
Оригиналниот Роналдо го состави најдобриот тим во историјата
Роналдо Назарио го избра најдобриот тим на сите времиња. Во интервју за британски „Дејли Мејл“, легендарниот Бразилец на голот го стави Италијанецот Џанлуиџи Буфон, а на бековските позиции неговите сонародници и поранешни соиграчи Кафу и Роберто Карлос. Најдобрите стопери во историјата според Роналдо се Паоло Малдини и Фабио Канаваро. Во исклучително офанзивна формација, Роналдо ги вклучи Зинедин Зидан, Диего Марадона, …
Continue Reading
(Видео) Роналдо се посрамоти – Ал Наср испадна од Лигата на шампионите
Фудбалерите на Ал Наср во четвртфиналето го завршија учеството во азиската Лига на шампиони. Тимот чија главна ѕвезда е Кристијано Роналдо доживеа елиминација од Ал Аин, на чија клупа седи поранешниот аргентински репрезентативец, Ернан Креспо. Тимот од ОАЕ имаше залиха од првиот натпревар (1:0), а по головите на Рахими во 28. и 45. минута дојде до огромна предност во реваншот. …
Continue Reading
Едерсон ќе отсуствува еден месец
Голманот на Манчестер сити, Едерсон, ќе отсуствува од терените најмногу еден месец поради повреда на мускулот. Бразилецот се повреди во неделата на натпреварот против Ливерпул (1:1) во Премиер лигата. Едерсон се повреди во второто полувреме кога го фаулираше напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез за пенал, од кој Ливерпул го изедначи резултатот. Бразиелцот го продолжи натпреварот, но набргу беше заменет со …
Continue Reading
Сензација во Индијан Велс, лаки лузер го елиминира Ѓоковиќ
Лука Нарди, 123. играч на АТП листата, приреди сензација на Мастерсот во Индијан Велс со елиминацијата на светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ. Нарди, кој на турнирот влезе како лаки лузер, славеше во три сета со 6:4, 3:6, 6:3. „Мислам дека никој досега не слушнал за мене. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Презадоволен сум”, изјави Нарди по мечот. Пред …
Continue Reading
Ако ја елиминираат Барселона играчите на Наполи ќе поделат 10 милиони
Фудбалерите на Наполи имаат можност да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но и да го потврдат учеството на првиот Мундијал за клубови со 32 учесници. Како што е познато, во 2025 година ќе се одржи првото клупско СП со 32 екипи, а учеството ќе го потврди и Наполи доколку се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. …
Continue Reading
Фелипе Маса ја тужи ФИА, ја бара титулата на Хамилтон од 2008 година
Поранешниот возач на Ферари, Бразилецот Фелипе Маса (42) покрена правна постапка против раководството на Формула 1, поранешниот комерцијален директор Берни Еклстоун и први човек на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА), поради исходот од Светското првенство во 2008 година. Маса верува дека ФИА ги прекршила сопствените регулативи и дека тој би бил шампион доколку веднаш била покрената истрага за инцидентот на Големата …
Continue Reading
Роналдо: Ако оди во Реал, Мбапе ќе ја добие Златната топка
Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо изјави дека Килијан Мбапе ќе ја освои Златната топка доколку потпише договор со Реал Мадрид. Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната. Тој постојано одбиваше да ја продолжи соработката со клубот од Париз, бидејќи наводно се согласил да се пресели во Реал на крајот од сезоната. „Треба да почекаме да биде официјално …
Continue Reading
Салах побарал да ги прескокне наредните натпревари на Египет
Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах побарал да не игра за репрезентацијата на следните натпревари, соопшти денеска селекторот на Египет селекција Ибрахим Хасан. Селекторот на „Фараоните“, на прес-конференцијата изјави дека капитенот на репрезентацијата побарал да не игра на пријателскиот турнир во Абу Даби, каде на 22 март Египет ќе игра против Нов Зеланд, а три дена подоцна против победникот од натпреварот …
Continue Reading